Оклахома Сити Тандер имала многу непријатно слетување на аеродромот во Чикаго поради што многу кошаркари пребледеле, но случката не оставила многу трага на избраниците на тренерот Донован.
Оклахома со 101-69 го порази Чикаго кој во втората четвртина даде мизерни 8 поени. Кармело Ентони уфрли 21 поен но man of the match беше Расел Вестбрук кој напиша нови страници во историјата на НБА.
Стана првиот играч во историјата кој успеал да постигне трипл-дабл против сите 29 екипи во НБА.
„Триесет, триесет, пред некој ден имаше трипл-дабл на тренинг против нас“, се смееше Мело Ентони среќен што го оствари првиот гостински триумф во дресот на Оклахома Тандер.