Хокси се вратија со победа

По два последователни порази кошаркарите на Атланта на домашен терен го победија Детроит Пистонс со десет поени разлика.

Јастребите ја прекинаа серијата од два порази по ред и со синоќешниот триумф од 99:89 пред своите навивачи сега имаат учинок од шест победи и пет победи.

Најголемата неизвесност на мечот се случуваше во третиот период кога домаќините прокоцкаа висока предност од 19 поени разлика и Пистонси израмнија на 74:74.

Најзаслужен за победата беше Џеф Тиг со 28 поени, Пол Мислеп оствари дабл дабл учинок од 15 поени и 12 скокови, а Ал Хорфорд додаде 14 коша.

Перо Антиќ доби минутажа од 16 минути и оствари учинок од 6 поени 2/5 од игра и 2/2 од линијата за слободни фрлања и по една асистенција и блокада.

Најпрецизен кај екипата на Детроит беше Џош Смит со 16 поени и 8 скокови.

3Д презентацијата на Хокси

РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Орландо 100-105
Филаделфија – Феникс 96-122
Торонто – Милвоки 124-83
Мемфис - Бостон 117-100
Минесота – Сан Анотнио 92-121
Оклахома – Бруклин 92-94
Вашингтон – Кливленд 91-78
Далас – ЛА Лејкерс 140-106
Денвер – Њу Орлеанс 117-97
Голден стејт – Јута 101-88
Портланд – Чикаго 105-87

22 ноември 2014 - 10:41