Секој март во градот Челтнам се одржува една од најпознатите коњски трки во Велика Британија, а победниците делат награден фонд во износ од 625.000 фунти.
Обложувањето на коњски трки е таму многу популарно, ама има и една многу ризична кладилница која е претворена во стриптиз бар.
Во неа циркулираат околу 100 стриптизети кои доаѓаат од различни делови на Велика Британија, а влез со резервација за додатни услуги чини 10 фунти.
Целта им е многу јасна. Чекаат ликови со добитни тикети. Еден танц чини од 40 до 500 фунти, зависи од перформансот, а некои стигнуваат и до заработка од 7.000 фунти од вечер.
„Има три ката полни со курви. Одлично е, има за секого по нешто", вели еден од редовните.
Друг раскажува дека на пијано воопшто не се каат за своите пари и кладилницата ја сметаат за палата на задоволства.
Инаку на еднодневната трка ќе трчаат вкупно 13 коњи, а интересно еден од сопствениците на коњите е Сер Алекс Фергусон.
Наградниот фонд од 625.000 фунти се дели на првите петминапласирани. Победникот добива 351.688 фунти.
За Британците победата во главната трка наречена Голд Куп е исто со освојување златен медал на Олимписки игри.