За разлика од минатите четири сезони кога Ред Бул и Себастијан Фетел доминираа на патеките, овој пат Ферари, Мерцедес, Мекларен и Вилијамс ќе се надеваат, но имаат и реални шанси да ја прекинат нивната победничка серија.
По проблемите кои ги имаа на тестирањата во текот на зимото, маките на Ред Бул можат да ги искористат повеќе возачи. Фановите на Формула 1 долго го чекаат враќањето на поранешните шампиони Луис Хамилтон, Фернандо Алонсо и Кими Раиконен, а шанса од втор план ќе бараат Фелипе Маса, Нико Розберг и Џенсон Батон.
Неизвесна и израмнета битка за титулата предвидуваат и кладилниците. Според нив, најголеми шанси за прекинување на доминацијата на Фетел има Луис Хамилтон. Коефициентот за титулата на Хамилтон е 3, а зад него е Фетел со коефициент 4. Следат Розберг со 6, Алонсо со 7,5 и Раиконен со 13.