Кладењето на фудбал е огромна индустрија која се уште расте и станува светски феномен, а поголемиот колач од оваа индустрија се одвива во Азија каде големите суми се закана за легитимноста на натпреварите.
Проценките на легалните и нелегалните пазари се дека кладењето тежи од 500 до 8000 милијарди евра годишно. Околу 70% од нив се од кладење на фудбал, односно околу 500 милијарди евра годишно.
Sportradar, компанијата која е задолжена за мониторирање на кладењето, годишно анализира 55.000 натпревари и 350 светски кладилници. Според нивните проценки, 1% од анализираните натпревари се сомнителни.