Фудбал

Бернардески ги суреди другарите на Меси како на мал фудбал

Интер Мајами и Торонто одиграа 1:1 во МЛС. За домаќините стрелаше Меси, но погледнете го Федерико Бернардески колку мангупски се снајде во шеснаесетник. Ги реши сам против сите.

Миле Свилар парадериште

Со каскадерска парада, српскиот голман Миле Свилар го спречи Јувентус да дојде во водство рана фаза од дербито Рома - Јуве на „Олимпико“. Некогашниот голман на Бенфика се фрли како пантер по еден обид со глава на Гонзалес. Подоцна Јуве поведе со евроголот на капитенот Мануел Локатели, прв негов после неколку месеци. Рома израмни на 1-1 на старт на вториот дел преку нововлезениот Шомуродов.

Фантастичен гол на Локатели за Јуве против Рома

Првиот дел од дербито на колото, во Рим, меѓу Рома и Јувентус им припадна на гостите. Бјанконерите водат 0-1 со прекрасниот гол на капитенот Мануел Локатели од далечина, со преубав волеј.

Нов гол на Елмас, овој пат атрактивно со лева

На Елиф Елмас му тргна ептен во Торино. Овој пат на гостувањето против Верона, израмни во 67-ма минута со што го спаси својот тим од пораз. Торино - Верона конечни 1:1. Четврти гол на македонскиот репрезентативец откако направи кам бек во Серија А во јануари.

Несакајки а?

Интер не успеа да ја совлада Парма на гости и одигра нерешено и покрај тоа што имаше 2:2. Вториот гол за гостите го постигна Маркус Турам. Неговата реакција кажува сè.

Судија во сендвич

Барселона и Бетис одиграа 1:1. Реал дома киксна со Валенсија 1:2 и сега разликата на врвот е +4 во корист на каталонците. Судијата се најде во непријатна ситуација меѓу Гави и Љоренте, па дури и можеше посериозно да се повреди. Камерите уловија смешкање во ВИП ложата кај лицата на Жоакин и Лапорта.

Мајсторе, влезе ти во топ 5 голови на годината, готово

Филип Отеле од Базел се отвори како никој во Швајцарија оваа сезона. Ова е сериозна конкуренција за наградата Пушкаш.

Англија vs Малдини, Неста, Канаваро, Гатузо и Буфон

Налетавме на клип од пријателска меѓу Италија и Англија, одиграна во 2000-та. Имињата се кој од кој. Англичаните уствари си имаат работо со министерство за одбрана. Топка таму поминува, ама човек не. Знаете кој го реши мечот? Гатузо. И тоа со еврогол, кој му е единствен на 73 репрезентативни настапи.

Број 1 имитатор на Роналдо

Го кине скроз, ама не само во начинот на прослава на головите. Погледне колку јако му го копира слободниот удар.

Женска лекција во изведување слободен удар

Филипа Ангелдал од Шведска ќе им покаже на дамите во фудбал како се изведува слободен удар. Голманката на Италија не мрдна.

Како е да се игра фудбал во најспорната земја во светот?

Талентот за фудбал во Гренланд расте повеќе од тревата, често заглавена во барички, остатоци од глина и снег. Имаат проблеми и со финансии и самоодржување. Во 2010-та ги посетил Блатер. Од тогаш живи ги нема, ни ФИФА, ни УЕФА. Стадион? Замрзнат е во најголемата санта мраз: бирократската. 

Како Пеп Гвардиола открил ловци на автограми кои прават пари од тоа

Изминатава зима Пеп Гвардиола во еден момент на револт, додека давал автограми, луто реагирал кон присутните деца и ги пратил дома и во школо.

Тежок мангуплак од слободен удар

Шведската трета лига испорача слободен удар каков што никој, ама апсолутно никој не очекуваше.

Тео му се сокри на чуварот позади Инѕаги

Интересна сцена од дербито Интер - Милан во Купот на Италија. Тео Хернандез во еден момент го измами својот чувар на необичен начин. Со трк позади Симоне Инѕаги. И тоа му успеа.

И Анчелоти е изморен од однесувањето на Винисиус

„Не зборувај, не зборувај, не беше фаул. Играј или ќе те сменам“, му вели Анчелоти на Винисиус. Потоа виде невиде, го повика Диаз да се загрева.

Тешка лакрдија во ВАР собата, бугарски судија се клади онлајн

Уште ова го немавме видено. Братот мисли дека е со другарите на клупи во маало.

Рафиња се изначуди на барањето на навивач

Најчесто тепачката е за дрес, некои знаат да побараат маица, а трети, ама поретко доаѓаат и до шорцот на фудбалерите. Е Рафиња го имаше најчудното барање од трибина, ама му учини. Завојот од раката му го побара, а потоа уште еден после него.

Турска свадба со гол од дербито Фенербахче - Галатасарај

Галатасарај повторно го победи вечниот ривал Фенербахче и тоа пак на гостински терен, овојпат 1-2 во четвртфинале на турскиот Куп. Нигериецот Виктор Осимен постигна два гола а едниот му беше прославен и на една свадба во Турција. Си продолжија со веселба ко најнормална снимка од видео-бим.

За ваков фаул за затвор ти даваш само жолт?

Во големото дерби на градот Ливерпул, црвените на својот „Енфилд“ со 1-0 минимално го победија Евертон кој изгуби за првпат после цели 10 меча без пораз со новиот тренер Дејвид Мојс. Во 11-та минута од мечот стоперот на „карамелите“, Џејмс Тарковски страшно со две нозе остро му влезе на Аргентинецот МекАлистер и го покоси. Доби само жолт картон од судијата Самуел Барот и покрај тоа што ВАР го гледал инцидентот горе во собата.

Галатасарај со брутален клип го исмева Мурињо

Португалскиот стратег го загуби дербито против Галатасарај, ама го загуби и компасот на крај, па фати да то тегне за нос Окан Бурук. Овие ни два ни три, на официјалните профили на социјалните мрежи објавија анимирано видео со Жозе, облечен во бел мантил како завршува во лудница. Насловот е „Мурињо, полудуваш од нас“.

Ама му легна на братов

Купишта фудбали неделава, посебно полуфиналиња во Куп. Најизненадувачко Куп финале имаме во Германија каде ќе играат Штутгарт против третлигашот Арминија Билефелд. Во полуфинале, Шутгарт синоќа го совлада Лајпциг со 3:1. Погледнете каква бомба испорача Анџело Стилер.

Што е со голчиштево на Тонали?

Њукасл го совлада Брентфорд со 2:1 во 30. коло од Премиер лигата. Мечот го реши Сандро Тонали со еврогол кој ретко се гледа, особено од една ваква позиција. Како ли му успеа од таму да го изненади голманот?

Јак муабет меѓу Тоти и Касано за Меси

Антонио Касано беше најголем европски талент на времето. Од родниот Бари дојде во Рома со која во 2001-ва освои Супер Куп на Италија. Беше страшен талент но не го оправда тоа на теренот пред се поради „проблеми со главата“. Беше конфликтна личност. Со Реал освои титула во Ла Лига а со Милан скудето во Серија А. Најмногу се памети по тандемот со Франческо Тоти во Рома.

Убави спортски манири на Рафиња

Пред две недели беше декласиран неговиот Бразил со 4:1 од Аргентина. Значи се работи за дебакл и ривалство, најголемо во Јужна Америка. Без разлика на сè, тој синоќа го чекаше Аргентинецот Де Пол да си сменат дресови после полуфиналето во Копа дел Реј. Реткост е ова, особено во време на надуени ега.