Фудбал

И жени да играат Јувентус го полни стадионот до даска

Уште еден доказ за тоа колку е Јуве понапред организациски и помоќен финансиски од сите други клубови во Италија. Без разлика за кого навиваме, треба да бидеме реални. Гледаме италијанско во ера во која веќе осма година никој не може да им се фати по ниту еден параметар.

Браво мали

На меч меѓу Галатасарај У-14 и Истанбулспорт У-14, капитенот на домашниот тим неправедно добил пенал. Дека од мал со право носи капитенска лента покажа после неколку секунди. Прав пример дури и за постарите колеги.

Имуноста на Роналдо од повреди благодарение на јак тренинг

Кристијано Роналдо многу ретко во кариерата отсуствувал од фудбалските терени, а синоќешната повреда на мечот со Србија нè натера да направиме кратка ретроспектива на овој сегмент од кариерата на Португалецот.

Голманот на Андора го глумеше Ноер и излезе цреп

Глумата може да послужи како клип за најсмешно видео инсерти или во некој комичен филм каде се зборува за фудбал. Резултатот од неговото трагикомично излетување е асистенција до напаѓачот на Албанија кој го отвори резултатот. Пацериште.

На препорака од психолог - англиските репрезентативци јаваат еднорози во базен

Репрезентацијата на Англија и после Светското продолжува да „го враќа фудбалот дома“. Пред неколку дена ја згромија Чешка со 5:0, а синоќа во Подгорица ја згазија Црна Гора со 1:5.

Од што се лишел Зидан како млад за да стане топ фудбалер

Уметникот со топката кој беше привилегија да се гледа како везе во Јуве, Реал и за Франција, се навраќа многу години наназад и раскажува колку бил дисциплиниран за да успее. Немало излегување и пиење во град со другарите. Само на вода бил.

Кога Чави и Пујол дебитирале за прв тим кај тренерот Мурињо

Од денешна перспектива звучи просто неверојатно како Португалецот бил тој кој ги пуштил младинците на Барса „во оган“, а еден гол на нивното деби им дал Тито Виланова кој подоцна стана и тренер на гигантот од Каталонија.

Јунакот од Грузија што спаси репрезентативец на Швајцарија

Во квалификациите за Европско 2020, на мечот меѓу Грузија и Швајцарија, резултатот можеше да остане во втор план уште во првото полувреме. Среќа добро се заврши една многу непријатна ситуација.

Автогол на колото во најнезгодно време

Луксембург се држеше со Украина, играше машки и до 93-та минута имаше 1-1 за евентуален огромен бод во групата. Ама на крај, нивниот најдобар играч Жерсон Родригеш си заби неверојатен автогол и Украина однесе 3 важни бода.

Премиер лигата се потсети на Ѓорѓи Христов

Чисто како информација за помладите генерации, Ѓорѓи Христов е еден од ретките македонски фудбалери кои на една рака се бројат во Премиер лигата. Беше член на Барнсли (1997-2000) за кој постигна 8 гола на 45 средби, а има и 48 настапи и 16 погодоци за Македонија.

Брус ли фаул

Капитенот на Танзанија знае да биде многу опасен мангуп со топка, ама неговиот чувар од Бурунди веројатно ја утнал професијата и требал да тренира карате или нешто слично со тепање. Не можеме да се решиме кој повеќе нè импресионира во клипов.

Не може баш секој да биде голман

Оход е последнопласиран клуб во Саудиска Арабија и веќе е испаднат. Играат против Ал Хилал кој се бори за титула и му кинат два бода. Гостинскиот голман имитира црв и ги иритира домашните навивачи кои го гаѓаат со шишиња.

Видео од авионот на Англија кое не требале да го објават

Старите за вакви работи велат: Сега на кого му е поубаво, на прстот или на увото? Ние прашуваме: На кого му е погрдо, на Деле Али или на Стерлинг? Никогаш немаше да погодите дека вакви булшит работи може да се случуваат во авионот на „Гордиот Албион“.

Карамболот пред голот на Хрватите

Финалистот од Мундијалот во Русија се посрамоти на гостувањето во Унгарија и го загуби квалификацискиот меч со 2:1. Може слободно да заклучиме дека да не беше Ракитиќ ќе беше 3:1. Погледнете ја оваа мешаница пред гол. Прво чист гол спаси голманот, а потоа фудбалерот на Барселона кој реагираше маестрално.

Сите од таму нафрлаат, а овој ја дувна во гол

Бермуда ја совлада Доминиканска Република со 3:1, но за единствениот гол што го постигнаа Доминиканците долго ќе се зборува. Поминаа две минути од мечот и тој што ја прими од десно ја издиша од што ја рогна јако. Не сме виделе некој од тој агол да се истакне со таков лудачки лоб.

Од Нокиа 5110 да не им ја пуштавте химната?

Јужна Африка во последното коло од квалификациите за Афиканскиот Куп славеше на гости кај Либија со 2:1. Пред мечот одеше химната, па не одеше, па одеше па пак не одеше, па свирежи. Да ти е глупо да го изгледаш до крај видеово.

Нема сила што може да го сруши ова семејство

Македонската фудбалска репрезентација успешно ги мина воведните два меча од квалификациите за ЕП 2020. Оваа селекција заедно со селекторот и стручниот штаб знае како да се мотивира и на тренинг и пред и после натпревар. Гестови кои ја одржуваат репрезентацијата во живот.

Јуначката интервенција на Бејтулаи со глава

Егзон Бејтулаи беше изненадувањето во составот на Мрме. На фудбалерот на Шкендија на Википедија му стојат само пет репрезентативни настапи. Синоќа против Словенија доби задача да ја засили одбраната на сметка на Трајковски кој беше дел од офанзивната постава против Летонија. Треба сите колеги рака да му пружат за оваа пожртвуваност. Чист гол спаси.

Традиционалната славеничка атмосфера во соблекувална

Не дека вечерва тепавме па има повод за славење, ама сепак убава е оваа атмосфера која веќе некое време ја гајат овие момци. Играта, хемијата во тимот и позитивните резултати, македонската фудбалска репрезентација од Лига на Нации ги продолжува и во редовните квалификации за ЕП 2020.

Барди го матираше Облак, Македонија се враќа непоразена од Љубљана

По триумфот над Летонија од 3:1, македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено на гостувањето против Словенија со што стигнува до солидни 4 бода по првите две кола во квалификациите за ЕП 2020. Словенија - Македонија конечни 1:1.

Што дриблинг е сега па ова?

Кој би рекол дека во Јужна Африка ќе видиме ваков чудесен и до сега невиден потег еден на еден. Не само што успеа вака мангупски да му ја протне низ нозе, туку кутриов на крај ја проба и тревата. И после како да не се смејат коментаторите.

Како во Индија жените изведуваат слободен удар

Непал против Индија, жени. Добро лобот е толку добар или голманкава е висока 1.50? Како вака ја натскока топката кога не е излезена многу?

Гест со многу чувство за еднаквост на Хајдук Сплит и Торцида

Хрватскиот прволигаш, како и нивните навивачи се истакнаа со потег број 1 од кој може да учат и поголеми клубови. На момчето по име Лука му подготвија такво изненадување, што кога го слушнал не можел да спие од возбуда.