На Џенова сезонава и оди тапа џонс, а да го немаа нашиот махер за фудбал бетер ќе беше работата. Со оглед на тоа како игра на 36 години во Серија А, некако не е за пензионирање на лето.
Колку само млади деца излегуваат и импресионираат со начинот на кој ги решаваат мечевите. Душан Влаховиќ од Фиорентина го запознавте ли? Погледне со каква кифла ги попари Наполитанците. Гатузо пак го држеше Елмас на клупа.
Иако италијанската тренерска струка важи за една од најдобрите на светот, сепак проблемот со не знаење странски јазици кој стручњаците од оваа земја го имаат, знае да биде доста сложен.
Кола за нејзе, кола за сопругот, кола за синот кој студира во Италија, три пати годишно на одмор на скапи места и не само тоа. На слава имала келнери, а на матурска кај синот пеела Северина. Ова тешко некако од плата а?
Претседателот на шпанскиот третолигаш Унионистас, Мигел Анхел Сандовал во петокот напладне на состанок со градското собрание во Саламанка решил да го пречека Реал Мадрид во шпанскиот Копа дел Реј на своето стадионче „Лас Пистас“ кое собира 4.000 гледачи. А пазете ова, на само 50 метри до нивниот стадион се наоѓа еден поголем (17.000 капацитет) на попознатиот клуб Саламанка кој има играно и во Примера.
Поранешниот плејмејкер на Сакраменто ни е некако асоцијација за “лажни очи“. Во фудбалот тој епитет треба да му следува на Роналдињо. Но во такво издание го гледаме и чичко ви Роберт кој одлично го изведе ова, а претходно и атрактивно ја прими.
Да бидеме искрени, сме гледале машки деца на оваа возраст што прават чуда со топката, имаат вроден талент и милина е да ги гледаш. Ама девојче со ваква дарба за фудбал стварно не паметиме дека сме виделе.
Италијанците веќе почнаа да го нарекувааат „вечен“, што е нормално бидејќи од 2001-ва е таму, па дури доби и прашање да не планира до 52 да игра како Миура. 2020-та е година во која има две јасни цели како за крај на една кариера за почит. Ама голема почит.
Приказната за Дејан Станковиќ дека им дал гратис карти на свои сограѓани “ги испровоцира“ нашите читатели па ни пишаа дека и наши фудбалери правеле вакви убави гестови. Еден ни сподели сличен, па и подобар пример со Несторовски. Браво за потегот.
Јасно е како ден дека фудбалот веќе подолго време е суров бизнис, ама ретко кога главната фудбалска унија си дозволува очигледен и намерен привид, со цел поголема популарност и атрактивност.
И покрај тоа што играчите и малубројните навивачи на шпанскиот нисколигаш Унионистас полудеа од среќа кога на ждрепката слушнаа дека ќе го пречекаат Реал во Купот на Кралот, сега може да има измени.
Во шпанската Сегунда Б, Сан Фернандо со 1-3 го победи Рекреативо на гости. Уште не почнат мечот, после една тики-така подобра и од онаа на Пеп Гвариола, Франсис Ферон го отвори резултатот.
Малку не потсети на оној на Роналдињо против Англија на СП 2002, ама не се баш исти. Дечково апла се гледа дека само ја нафрла и потоа не само коментаторот, туку и самиот се збуни што го даде. Инаку ова чудно ефе се случи во Англија.
Додека сите поранешни фудбалери на 52 години веќе добро нагазиле во втора деценија од своето повлекување, Казујоши Миура уште нема намера да се откаже од фудбалот и ќе тера уште.
Чуварот на мрежата на мексиканскиот Чивас Гвадалахара Хозе Антонио Родригез даде гол буквално од своето поле со дегажман каков што не се гледа секој викенд. На крај неговите победија 3-1.
Со голот на Хуан Мата, Манчестер Јунајтед го совлада Вувлерхемптон во ФА Купот. Потегот на мечот го има Раул Хименез кој е веројатно прв играч во светот што успеал тројца фудбалери на Манчестер Јунајтед да ги прати онаму кај што не е топката.
Јувентус го мина лесно и очекувано Удинезе во осминафиналето од Купот на Италија со 4:0. Два гола се од пенал, а два се двојат. Едниот е мајсторски на Дибала кој не знае да постигне обичен гол, а другиот е на Игуаин поради цик цак акцијата со кого? Па со Дибала. Несторовски ја одигра цела.
Само што се врати назад во италијанскиот фудбал како позајмен играч од Вулверхемптон во Фиорентина, Патрик Кутроне даде гол во 11-та минута од мечот во Купот на Италија против Аталанта. Дали е ова најава за ефикасна пролет на детето кое Милан го даде?
Шеесет и едно годишниот нов стратег на Барселона има многу интересно портфолио. Во минатото работел на разни места, а најинтригантно е што бил дури и селектор на репрезентацијата на Русија во фудбал на плажа.
Во 3. рунда од ФА Купот, Тотенхем со 2-1 гоп победи Мидлзборо. Головите за домаќинот ги дадоа Џовани Ло Слесо и Ерик Ламела во 2’ и 15’ минута, а убедлив триумф им избега поради до скоро најголемиот талент во цела Британија, Рајан Сесењон.
Што трансфер ќе беше ангажирањето на Ромелу Лукаку во Интер. Влезе во некоја криза на Олд Трафорд, изгледаше тромаво, ама на Меаца сезонава се препороди. 18 гола има постигнато сезонава на сите натпреварувања. Синоќа Конте го стави и во Куп против Каљари. Тепаа 4:1, а тој го постигна најбрзиот гол сезонава.