Ексцентричниот Масимо Челино, сопственик на Бреша кој до пред неколку години беше газда на англискиот Лидс Јунајтед, отворено ја нападна европската фудбалска унија.
Ако чекаат да се смири срањево и за тоа време гледаат како играчите ја држат формата со жонглирање на тоалетна хартија, мускули ќе им омекнат, а не па кондиција да имаат, така што време е за сериозни тренинг сесии за кој се одлучија барем во Тотенхем.
Манчестер Сити има толку многу мајстори со топка што на неутралниот гледач му е тешко да се одлучи кој им е најдобар играч во екипата. Од Силва до Де Брујне преку Стерлинг и Бернардо Силва до Алжирецот Марез кој е стварно магионичар.
Не играше долго за „чеканите“ од Лондон, ама доволно за навивачите на Вест Хем да го памтат засекогаш. Едно време немаше коло а да не фелшира маестрален гол во Премиер лига.
Го постигна додека играше за Бенфика и тоа на дербито против Порто, а голот толку беше лудачки што заврши втор во трката за ФИФА гол на годината, само поради тоа што Ибра тогаш одлепи со тоа ножичките на пријателска против Англија.
Франција е меѓу најпогодените земји од Ковид-19 во Европа, со повеќе од 3.500 починати лица. Во Марсеј посебно тагуваат за 68-годишниот Папе Диуф, новинар, агент и некогашен претседател на трофејниот Олимпик.
Ај што топката едвај ја собира во тоа една педа голче, него што да се каже за потегот на детево без да гледа, кое за влакно не падна претходно во дупка? Овој што снима нема никогаш во живот да го избрише видеово.
На денешната видео-конференција со генералните секретари на сите 55 членки, УЕФА ја дискутирала актуелната состојба и евентуалните можни сценарија за продолжување на сезоната.
Читател ни пиша дека и тој како нас, деновиве чешлал јаки ретро видеа и налетал на една лудорија за која Бранко Илиевски во пренос вели вака: Формални 7 минути до крајот на средбата, бидејќи чуда не се случуваат секогаш. Ај да видиме што е тоа.
Франка Комба е судија со знакот на ФИФА и спортска душа желна за разгибавање и тренинг во оваа необично пасивна фаза од животот. Човекот го фати сафра дома па реши да се облече во униформа и да суди офсајди.
Фудбалерите на европскиот шампион за време на изолацијата не спијат на тоа уво дека имаат 25 бода предност пред Сити и дека ако се доигра сезоната, титулата ќе биде сигурно нивна. Редовно вежбаат од дома.
Економските мерки во Јувентус кои се состојат од кратење плата во следните 4 месеци не е дека многу го погодија Португалецот кој има пари за уште 100 животи. Ако треба ние дома да седиме, не мора и парите нели?
Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика Германците да се откажат од сите социјални контакти што е можно повеќе. Во таква ситуација фудбалерот Емре Џан решил да им помага на луѓето кои се осамени во изолација.
Родител за пример. Додека има некои кои би уживале децата само да им гледаат цртани и бидат мирни, овој татко знае што најмногу сака малиот, а тоа да не е мобилен телефон.
Поранешниот голман на Турција, на Фенербахче и Барселона Рушту Реџбер е заразен со коронавирус и се наоѓа во тешка состојба, објави жена му. Турскиот лист Милијет пишувал дека на некогашниот голман коронавирусот наводно му го пренела сопругата која скоро се вратила од САД.
Холандскиот напаѓач откако беше најдобар играч во Премиер лигата во дресот на Арсенал, но не освои вреден трофеј, реши да премине во лутиот ривал Манчестер Јунајтед за да се израдува на титулата. Таму го пречека најголемиот.
31 март 2018: Лос Анџелес е во целосен транс со првиот настап на Златан. Дојде, потпиша, влезе во игра во второ полувреме и го реши градското дерби на маестрален начин.