Фудбал

Златан по интервју за ХРТ: „Каков бев“?

Едно расположение имаше Ибрахимовиќ пред натпреварот Динамо Загреб - Милан, друго по натпреварот кој росонерите го изгубија 2-1 и ги изгубија шансите да се пласираат во топ8 па така да одмораат подолго од другите кои ќе играат бараж. Интервју за ХРТ пред мечот дал Златан Ибрахимовиќ.

Пеп Гвардиола кога брза ништо важно не е

Манчестер Сити се спаси во последното коло од првата фаза во Лига на шампиони и откако губеше 0-1 од Клуб Бриж од 45' минута, направи пресврт во вториот дел и со головите на Матео Ковачиќ, автоголот на Жоел Ордоњез и Бразилецот Савињо, славеше 3-1 и обезбеди пласман во следна рунда. Пеп Гвардиола брзаше кога бркаа резултат па ништо друго не му беше важно.

Убаво видео претставување на Елмас

Елиф Елмас и официјално е нов член на Торино каде ќе настапува како позајмен фудбалер до јуни. Платата не му е воопшто лоша.

Најлошите 30 секунди снимени во фудбалот

Сè е тука лошо и погрешно. Од дресовите, тревата, па до вувузелата. Ама тоа некако е поправливо. Што правиме со малоумноста на оној, кој инаку е играч? Има ли казна за него? Црвен картон не е ништо.

Конечниот изглед на табелата во ЛШ со Џејми Карагер и Мика Ричардс

Овој пат со друг стајлинг и со засилување во студио, за уште поголема забава.

Знам дека сме гревови со 0 бодови, ама барем им ја искинав мрежата на Баерн

Слован Братислава ја завршува сезоната во ЛШ со најмногу примени голови, вкупно 27 и 7 дадени. Коефициентот дека ќе загубат од Баерн беше 1.01. Примија 3 комада, ама барем во последната минута Хрватот Марко Толиќ си го направи ќеифот со убав погодок.

Младите ѕвезди на ПСВ Ајндховен го реметеа Ливерпул како никој

Ливерпул одамна обезбеди пласман во следната фаза на Лига на шампиони односно беше прв тим кој го осигура билетот за таму. Од таа причина гостувањето во Холандија кај ПСВ во последното коло им беше екскурзија. Арне Слот извади тим со млади деца засилен со Енди Робертсон, Коди Гакпо, Цимикас и Кјеза. Ама и младите деца на ПСВ имаа што да покажат па на крај славеа 3:2.

Марко Пјаца му го испи мозокот на Томори и го измести од колосек

Динамо Загреб направи големо изненадување во последното коло од ЛШ откако го доби седумкратниот европски првак Милан со 2:1. Но поради послаба гол разлика, не оди понатаму. Одиме со дуелот Пјаца - Томори. На ортопед го прати и тоа веднаш со приоритетен упат.

Безобразен гол на поранешна ѕвезда на ПСЖ

Некогашниот германски репрезентативец и голема ѕвезда на ПСЖ, Јулијан Дракслер синоќа му донел победа на својот тим Ал Ахли во Катар на гости кај Ал Кор со прекрасен гол со ножички во 87' минута. Збудалеа и коментатор и публика и соиграчи.

Страшен проектил на Канга, вреден победа за Црвена Ѕвезда

Фудбалерите на Црвена Ѕвезда ја завршуваат сезоната во ЛШ на 29-та позиција со 2 победи и 6 порази. Се одјавуваат победнички од гостувањето кај последниот на табелата, Јанг Бојс. Човек на одлука е 34 годишниот Гелор Канга од Габон, кој испука бомба во Швајцарија.

Манчестер Сити со подобра гол разлика до плејоф, ПСЖ го исфрли Штутгарт

Драматична разврска во последното 8. коло од новиот формат во ЛШ. Манчестер Сити со триумф над Клуб Бриж се избори за нокаут фаза, а Штутгарт излезе од топ 24 поради дебакл на домашен терен против ПСЖ. Големи победи за Лил и Атлетико, вредни директен пласман во осминафинале.

Динамо на „Максимир“ со Ристовски и Адеми го урна Милан, Реал на екскурзија во Брест

Стефан Ристовски и Аријан Адеми вечерва беа дел од тимот на Динамо Загреб кој оствари една од најголемите победи во клупската историја. Во Хрватска падна Милан а „модрите“ чесно се простија од понатамошната фаза на Лига на шампиони. Реал Мадрид лесно се справи со Брест, Интер лесно со Монако, Баерн со Слован а Баер Леверкузен со Спарта Прага.

Идеја како да гледате вечер 18 меча во ЛШ

Последното 8. коло од чаршав групната фаза во Лига на шампиони се игра вечерvа и тоа сите 18 натпревари стартуваат во 21:00 часот. О-с-у-м-н-а-е-с-е-т. Да не знае како да ги пофати човек. Еве ви една идеја. Сè гледаш, а уствари ништо не гледаш.

Кам бек на Елмас во Серија А со насмевка и шал на Торино

После слабата минутажа и недоверба од страна на тренерот, нула постигнати голови и по некоја повреда, Елиф Елмас се врати во лигата која повеќе му лежеше и каде освои Скудето и Куп.

Тешка и невидена лакрдија во женскиот англиски фудбал

Налетавме на клип од мечот Ватфорд - Луис, жени. Ама излегоа три на крај, кој од кој почуден и нејасен. WTF?

Сантос направи екстра мотивирачко видео за Нејмар со гласот на Пеле

После импресионирачки 7 настапи и 1 гол, како и два танкери со пари, разгалената бразилска ѕвезда заминува од арапскиот свет и се враќа дома. Онаму каде што почна, каде што играше самба со топката, каде освојуваше трофеи и од каде го направи трансферот во Барселона. Сантос е синоним за Пеле, кој таму остана речиси цела кариера. Клубот со помош на вештачка интелигенција направи посебно видео со гласот на Пеле за да го мотивира Нејмар.

Азар со искрена исповед за неуспехот во Реал Мадрид

Верувале или не, Еден Азар беше член на големиот Реал Мадрид од 2019-та до 2023-та. Никој и никаде не памети некој негов блескав меч за „кралскиот клуб“ во толку долг период. Азар во своето време во Челси важеше во еден момент за најдобар играч на светот. Пеколен техничар, брз, динамичен, експлозивен.

Од таму шутирај колку сакаш

Аргентинскиот фудбал ни носи голчиште од необична или нетипична позиција. Го постигна Хамилтон Кампаз од Розарио. Скроз неочекуван шут за голманот.

Голман со кохонес

Во 4. коло од мексиканската Лига МХ Круз Азул на гости ја совлада Некакса со 1-3. На овој натпревар гостинскиот голман, Колумбиецот Кевин Милер имаше еден интересен мини соло продор.

Најјакиот буцко-шутер и најсмешните коментари

Шутира со стил како Зидан, со фелш како Пирло, со чувство како Синиша Михајловиќ, со дарба како Жунињо.

Моментот со Гави кој го воодушеви тренерот Флик

Барселона во неделата вечер со 7-1 ја растури Валенсија и и нанесе тежок историски пораз во Ла Лига. При водство од 6-1 тренерот на Барса Ханси Флик реши да направи неколку измени и да ги одмори главните играчи. Од клупата за резерви го повика младиот Гави кој скоро се врати од повреда. Но детето на Барса побарал од Ханси Флик да му даде шанса на помладиот Пабло Торе кој не заиграл уште од ноември месец.

Кака раскажува анегдота од соблекувална со Роналдо и Анчелоти

Карло Анчелоти се обидел да го смири бразилскиот џагор во соблекувалната на Милан во пресрет на меч против Сиена. Роналдо поентирал.

Некој си поиграл јако со Аморим

За два месеци го остареа 10 години и со монтажава уште 10, тоа се 20. До толку ли ќе издржи овој човек во клубот кој важеше за великан?

Идеалниот играч по мерка на Икер Касиљас

Со многу сенс и без многу размислување, го скоцка на прва.