Трофејниот стратег важи за еден од најелегнанто дотерани тренери во Европа, а на мечот со Њукасл на Боксинг Деј носеше блузон на Open Arms и ја заинтригира јавноста.
„Марадона со десетката, Марадона ја носи десетката, ама он е број еден, он е капитен на Бока“ (“Maradona con la diez, el capitan de Boca.”), вели коментаторот пред единствениот меч на кој Диего не беше права "10-ка" на теренот во дресот на Бока.
Во меч од 15. коло од турската Супер лига, Бешикташ со 3-0 го совлада Сиваспор и ја продолжи трката за самиот врв со Галатасарај. Гостите на полувремето останаа без Хакан Арслан кој се правеше паметен па на судијата му покажуваше снимки од мобилен телефон за спорни ситуации.
Јака историска снимка од архивите на МРТВ, стара 50 години со Атанас Костовски кој тука има 32 години. Дава осврт на Мундијалот од Мексико кога Пеле стигна до третиот златен пехар, а прв стрелец е Герд Милер со 10 гола.
Фудбалската федерација на Македонија доби рекордна премија во историјата на македонскиот спорт, а следствено на тоа заслужено се офајдија момците кои ја испишаа новата фудбалска историја за која чекавме три децении.
По разни перипетии, Ралф Рањик не дојде во Милан. Во клубот останаа Малдини и тренерот Пиоли и росонерите одиграа тотално неверојатна 2020-та година. Доминираат во италијанскиот фудбал во новата сезона, а продолжија и рекорди од минатата.
На средината од октомври, на мечот меѓу ЖФК Каменица Саса и Шкендија кој заврши 6:1, Ана Димитровска постигна еврогол, во стилот на Златан Ибрахимовиќ и заслужено овој погодок е прогласен за најубав во женскиот фудбал.
Кога се зборува за фудбалери кои запливале во политика, први на ум паѓаат Каха Каладзе кој е градоначелник на Тбилиси а беше и пратеник, како и Џорџ Веа, претседател на Либија од 2018-та.
На мечот меѓу Стронгест и Насионал де Потоси (3:0) во фудбалското првенство на Боливија, 3-минутно шоу имаше едно куче кое се заигра со копачка пред да го извади од терен еден фудбалер на домаќините.
Астон Вила со 3-0 го уништи Кристал Палас и освои 3 златни бода во борбата за мирно продолжение на сезоната. Други даваа голови и промашуваа шанси, а капитенот Грилиш асистираше и беше главен играч на теренот.
Во 15. коло од Премиер лигата, Арсенал ја прекина катастрофалната серија со голем триумф во градското дерби против Челси (3:1). Лаказет од пенал, Џака од слободен удар, а Букајо Сака после еден обид за центаршут иако тврди дека намерно го лобувал Менди.
Легендарниот англиски напаѓач е асоцијација за алкохол кој ако пола го истурaше во радијатор место во уста, ќе го расипеше радијаторот. Но Пол не е познат само како тежок пијандура, барем тоа го тврдат негови поранешни колеги.
Алекс тука има 20 години, ама уште тогаш почнал да го гради својот имиџ со велемајсторски лобови на кои голманите никогаш не најдоа одговор. Снимкава е од 95-та против Борусија Дортмунд на гости. Чуварот го сецна, а голманот го исчаши.
Во фабрики во Пакистан месечно се произведуваат околу 160.000 фудбалски топки со кои се игра ширум светот. Интересен начин на производство и многу необичен процес кој не е познат. Но жално е тоа што 1 топка во САД чини 100 долари колку што е месечната плата на овие работници и работнички.
Фудбалската федерација на Македонија одлучи фудбалерите и стручниот штаб кои обезбедија историски пласман на Европско првенство следното лето, да добијат рекордна премија, најголема во историјата на македонскиот спорт.
Се работи за болест која Рино ја има веќе 10 години и поради која престанал со играње фудбал. „На терен шест пати го гледав Ибрахимовиќ и шест пати Неста. Кога му влегов на Неста со клизачи, сфатив дека повеќе не треба да играм, бидејќи беше од моја“.
Од еден куп рекорди, последниот остварен е можеби најневеројатен. Лионел Меси во вторникот го постигна својот 644. гол за Барселона и стана прв играч на светот со толку погодоци за само еден клуб. Претходно рекордот го држеше Пеле.
Некои акции, продори и голови се типични само за него. Тоа го правеше со голема умешност, дрскост и брзина. Во април 98-ма теренот на Спартак беше нива неодмрзната која Феноменот ја изора на роналдовски начин.
Монпеље и Лил одиграа фантастичен меч со 5 гола. Гостите славеа 2-3 во 86' минута по голот на Бурак Јилмаз, ама она што претходно го направи Енди Делор во 70-та минута за 2-2 беше спектакл.
Англискиот бек одигра одлична сезона за Атлетико Мадрид, настапи на 19 натпревари и стана стандарден репрезентативец на Англија. Ама го стигна делото кое го направил претходно.
ПСЖ не се состои само од Нејмар и Мбапе. Погледнете како синоќа против Стразбур се истакна Сенегалецот од среден ред, Идриса Геј. Ја опали ниска, од оние најнезгодни удари за голманите.