Фудбал

Фото на денот

Петмината кои го создадоа или го усовршија мозокот кој ја испиша најубавата фудбалска приказна за оваа сезона и една од најубавите воопшто.

Гужва пред јужна

Градското дерби меѓу Вардар и Работнички викендов се врати онаму каде што му е местото, на Градски. Навивачка атмосфера, песни, Комити, Вршац, пиво, легенди, бивши спонзори и претседатели. Убаво.

Како помина последниот дуел на Сити и Реал на „Етихад“ лани?

Манчестер Сити и Реал Мадрид се сретнале 11 пати низ историјата во еврокупови. Сити има 4 триумфи, 4 меча завршиле нерешено а Реал славел 3 пати. „Кралевите“ минатата година во полуфинале поминаа како „боси низ трње“ и изгубија 4-0 на реваншот откако првиот меч заврши 1:1 на „Сантијаго Бернабеу“. Во големото финале подоцна Сити со 1-0 го победи Интер и ја освои првата шампионска титула во Лига на шампиони. Реал има 14.

Нападот на Вембли

Нетфликс растури со спортски документарци. На 8 мај во етер ќе го пуштат „Attack on Wembley“ кој се однесува на хаосот кој фрли дамка на финалето на ЕП меѓу Англија и Италија кое се одигра на 11 јули 2021-ва. Тоа беше прво финале за Англичаните по 1966-та и прва вистинска надеж за европска титула после светската. Но на Вембли се случија непосакувани сцени откако околу 6.000 навивачи се обидоа насилно да влезат на стадион без карти.

Сигурни сте дека ова му е брат на Чави?

Господинот на сликата се вика Оскар Хернандез, помошник тренер му е на Чави со кој работеше и во Ал Сад. Инаку се работи за постар брат на Чави, факт во кој не верувавме ни 1% сè додека не ни потврди Гугл. 

Гестикулацијата на Араухо по црвениот картон

Барселона имаше сè а на крајот остана без ништо. Реваншот со ПСЖ го играа со прекрасна предност од првиот меч кој го добија 2:3 во Париз, поведоа рано со 1-0 и имаа комфорно водство. Во 29-та минута стоперот Роналд Араухо направи смотан фаул над Бредли Бракола, доби директен црвен картон и од тогаш колата тргна по удолница за Барселона.

Може дресот? Дај 50 евра

Малага пред 10 години играше во Лига на шампиони со Мануел Пелегрини како тренер и тоа стигна до четвртфинале, а сега е третолигаш кој заврши таму после банкрот. До толку се утепани со пари, што им забраниле на играчите да ги подаруваат дресовите. Еден од нив режираше нестварна сцена пред трибина. Му го шитна на навивач за 50 евра.

Шутната ограда, црвениот и расправата на Чави со судијата

ПСЖ ја искористи предноста од играч повеќе по црвениот картон на стоперот на Барселона Роналд Араухо во 29’ минута и до врв ја наполни мрежата на Каталонците (1:4 после пресврт). Тренерот на Барса Чави бурно реагираше во неколку наврати на судиски одлуки а во еден момент бесно ја шутна рекламата кај делегатот поради што доби директен црвен картон. И после мечот се оправаше со главниот судија Иштван Ковач од Унгарија.

Ја видовте ли завршницата на Мората во 4 минута кога излезе пред голман?

По пауза од 11 години, Борусија Дортмунд стигна до полуфинале во ЛШ каде ќе се соочи со ПСЖ. Добија тврд противник кој ретко прима 4 гола и кој можеше да го смети текот на мечот ако Мората не ја испуштеше оваа 100% шанса, која не се промашува на волку важни натпревари.

Нова драмолетка со 11 гола на два меча во ЛШ и елиминација за Барселона и Атлетико

Двата шпански претставници се соочија со дебакл и примија по 4 парчиња на првите две реванш четвртфинални средби од ЛШ. Каталонците поведоа во 12 минута, но во 29-та минута Араухо доби црвен, клучен за нивниот распад од 1:4. Атлетико Мадрид загуби 4:2 во неизвесен натпревар на кој одговори со 2 гола после водството на Германците од 2:0 во првиот дел. Првото полуфинале е Борусија - ПСЖ.

Серијата на Барселона откако Чави соопшти дека ќе замине

Барселона на лето останува без клупска легенда, голем тренерски потенцијал и фудбалски мозок кој многу добро го познава фудбалот. И со веќе најавен отказ на човекот кој ги води, тимот гази и не знае за пораз од 27 јануари. На последните 13 средби на сите натпреварувања има 10 победи и 3 нерешени.

Никола Јокиќ откри што најмногу сака за доручек

Во една реклама за платформа за избор на хотели чие заштитно лице е токму Јокиќ, актуелниот НБА шампион открива свои искуства за престој во хотелите и што најмногу цени кај нив.

Патот до титулата на бајката наречена Баер Леверкузен

Сè почна на 19 август кога ја отворија сезоната против Лајпциг со победа од 3:2. Осум месеци подоцна стигнаа до скор од неверојатни 25 победи, 4 нерешени и 0 порази, со гол разлика 74:19 или освоени 79 бодови, 16 повеќе од Баерн, на 5 кола до крај. Ќе се зборува и прераскажува со години ова нивно ремек дело, кое сигурно веќе служи како инспирација за документарен филм.

Мајстор Хаким Зиеш и не знае поинаку од таму

Јака трка за титулата водат Галатасарај и Фенербахче. Ситуацијата на табела е +2 во корист на првите кои во претпоследно коло се домаќини на нивното соочување. Синоќа Галасарај ја доби Аланијаспор со 0:4, а Зиеш атрактивен во својот препознатлив стил. Голманот само ја гледаше.

Менувај насловната, ја утнавме со Андерсон

По 11 години минати на европска сцена, Фелипе Андресон одлучи да се врати во родниот Бразил каде ќе ја продолжи кариерата. Иако еден познат италијански весник „му одбра“ друга средина.

Двојниот стрелец на Енфилд со голчиште во Серија А

Интересен напаѓач е Џанлука Скамака и не за џабе има 15 настапи за Италија. Откако се врати од Вест Хем на домашно тло, сезонава има 14 гола за Аталанта. Му даде два на Ливерпул на гости во ЛЕ, а синоќа имаше гол и асистенција против Верона (2:2). Како домаќински си ја намести сам, нема бранење ова.

Нов блесок на Палмер со 4 гола, најбрз хет-трик и лоб од 40 метри

Иако има 21 година, Кол Палмер руши сè пред се. Стана прв играч на Челси после Френк Лампард со 4 гола на еден меч, па дури и го стигна Халанд на листата на стрелци.

Страшно добар гол даде Бразилец во Кина

Во новата сезона од најдобрата кинеска Суперлига се одиграа веќе 6 кола. Први на табела се Шангај Шенхуа и Ченгду Ронгченг. Овие вториве гостувале кај Чангчун Јатаи, губеле 1-0 но направиле голем пресврт во последните моменти од мечот. Прво во 90+5’ минута Бразилецот Фелипе постигнал чудесен гол со ножички за кои сам си асистирал. Кандидат за гол на сезоната и награда „Ференц Пушкаш“. Во 90+18’ Веи Шинхао дал гол за победа 1-2.

Најјакото гостување на сезоната го имаат навивачите на Ханза Рошток

Ханза Рошток е второлигаш и во моментов после 29 кола се наоѓа на 16-то место од 18 во германската втора лига. Секој бод им е од огромно значење. На пет кола пред крајот имаат исто бодови со два тима пред нив на табела, по 31 и ќе водат грчевита борба за опстанок. Минатиот викенд од Рошток до Берлин (232 километри, 2 ипол - три часа возење со кола) дошле 25.000 навивачи на Ханза.

Милиони лапаат, за пенал се караат како мали деца

Челси понеделнички се отвори со дури 6 парчиња во мрежата на Евертон од кои 4 се на Кол Палмер. За пенал бе фатија да се расправаат, па потоа Покетино им одржа лекција.

Остај ти Лесковац, што е со огромнава змија кај ФФМ?

Големо и језиво бре ова под трибина на игралиштето на ФФМ. Смок ли е, што ли е? Деца, пазете каде ги рогате тоа топките.

Будимир од Осасуна место да израмни во 97-ма, го изведе најлошиот можен пенал

Валенсија ја доби Осасуна на гости со 0:1, а хрватскиот напаѓач Анте Будимир после ова веројатно за последен пат ќе добие можност да шутира пенал за својот тим. Погледнете го што успеа да изведе и тоа во судиското продолжение.

Проклетството и траумите на Баер кој по 22 години го испрати во историја прекарот Неверкузен

Фудбалот носи возбуда и дополнителен шмек кога ќе се случат примери како Порто кога освои ЛШ, Лестер Премиер лига, пред сите оние милијарди на ултра богатите и кога ќе се најдат јунаци кои ќе го прекинат монополот на еден Баерн Минхен. Колку само мака видоа за да стигнат до тронот. Годиништа.

15 години од освојувањето на првата Пушкаш награда која ја освои Роналдо

Во 2009-та година ФИФА предводена од Сеп Блатер воведе награда за гол на годината и ја крсти „Ференц Пушкаш“ во чест на легендарниот фудбалер на Реал и селекцијата на Унгарија. Во тоа време сметан за најмоќен напаѓач со 806 клупски гола на 793 натпревари, како и 86 репрезентативни на 90 настапи, рекордни бројки за тоа време. Првата награда ја сефтоса Кристијано со луда бомба против Порто во ЛШ.