Фудбал

Луис Диаз се сретна со татко му по ослободувањето

По завршувањето на 12 дневната сага и неизвесност за неговиот живот, Луис Диаз се сретна со татко му кој е пуштен на слобода. Тој во меѓувреме постигна гол за Ливерпул и им испрати порака на киднаперите да го ослободат, а сега конечно се заедно.

Најоткачената прес конференција

Мислевме дека тоа со Гатузо во Грција е број 1, ама овој е појак. Се вика Рикардо Ферети, а лутината до небо што не се испочитува правилото „Жените имаат предност“ ја вади како тренер на Тигрес од Мексико.

Каков беше Наполи со Валтер Мацари, старо-новиот тренер

Прва победа на Наполи против Јувентус во Торино после цели 20 години, прв пехар после 22 години, враќање во Лига на шампиони, пројдена група со Баерн Минхен, Сити и Виљареал и за малку чудо против силниот Челси. После десет години Мацари изгледа се враќа во Неапол.

Го имаме ли најдолгото изведување на аут во историјата?

Следен пат намали го залетот, да не ја бараме во река топката.

Најдобриот фудбалски тим на Македонија на сите времиња

Респектабилната Фејсбук страница „Istorija ex yu fudbala“ нè отвори со последната објава. Се обиде да ги избере најдобрите 11 на Македонија на сите времиња. Изборот воопшто не им е лош и покрај коментарите.

Како Жунињо Паулиста првпат видел снег на 22 години во Јоркшир

Како што генерации се вљубуваа во некој симпатичен просечен клуб поради некој играч, така и на времето Мидлзборо имаше свои следбеници поради Бразилецот Жунињо Паулиста, мајсторот на фудбалот.

На јака ретро фотографија налетавме

Лево Владимир Југовиќ, десно Ален Бокшиќ. Легенди на едно незаборавно време. Се враќаат од Токио, после освојување на Интерконтиненталниот Куп 1996.

Интелигентен е голманот на Гремио

Гремио со пораз дома од Коринтијанс 0-1 како да се предаде во трката за титулата. Гремио е трет со 59 бода, Ботафого е втор со 60 бода а Палмеирас прв со 62 бода. Во триумфот на Коринтијанс на гости интересен момент имаше во 75’ минута кога гостинскиот голман Касио пропушти една топка од индиректен удар да влезе во голот зошто правилото вели дека од индирект нема погодок директно во мрежа.

Голманот што прими чудесен гол од Интер е навивач на Интер

Интер продолжи со победничкиот марш. Во неделата го совладаа Фрозиноне 2:0 а еден од головите го даде бекот Федерико Димарко. Неверојатно ефектен погодок кој е најубав на колото во цела Европа.

Редок момент се случил на фудбал во Австралија

На мечот меѓу Западен Сиднеј и Перт Глори (2:0), домашниот играч Тејт Расел шутира со сета сила во противничкиот гол а таму зад линијата стои неговиот соиграч Брендон Борели. За нивна среќа голот бил признат.

Евроголот со ефе од Ирска во големо финале

Во бараж мечот за пласман во најдобрат ирска лига, Ватерфорд го победил Корк Сити со 2-1 после пресврт а најубавиот гол на месецот го постигнал Конор Парсонс.

А дали го приметивте голот на Џонџо Шелви?

За оние кои не знаат, Џонџо Шелви игра за турски Ризеспор. Иако делува дека е ветеран со оглед на годините поминати во англискиот фудбал, Шелви има 31 и игра во одлична форма. Доказ за тоа е еден еврогол што постигнал на мечот против Истанбулспор во 5’ минута. Победнички.

Кога Ракитиќ ќе распали, тоа е празник за очи

Иван Ракитиќ е специјалист за ракети. Пред само две недели распали против Кадиз и сега пак против Бетис. И во двата наврати ја спасува Севиља од пораз. Страшен гол.

Димарко одлепи со еврогол од 56 метри

Интер го совлада Фрозиноне со 2:0 во 12. коло од Серија А и остана лидер на табела. Цела Италија зборува за голчиштето на Федерико Димарко на кој му измерија дека успеал да го лобува голманот од точно 56 метри.

Интересен гол на Винисиус и врвен дриблинг на Родриго

Со по два гола на Бразилците и еден на Карвахал, Реал Мадрид со 5-1 ја растури Валенсија и задржи чекор со водечката Жирона која исто славеше на гости кај Рајо Ваљекано со 1-2. На „Сантијаго Бернабеу“ синоќа Родриго покажа раскошна техника а Винисиус даде гол со гради.

Од каде Жирона на прво место во Шпанија пред Реал и Барса?

Во една од најголемите европски трки за титула стриктно со три клуба, сега изненадно се вмешува и четврти. Од нигде никаде би се рекло малата Жирона има 10 победи и е прва во шпанска Ла Лига. Како?

Баерн Минхен дава повеќе од 3 милиони евра за 17-годишен фудбалер од Танзанија

Се вика Нестори Иранкунда. Доаѓа од Танзанија. Роден е на 9 февруари 2006-та година како четврто од седум деца на неговите родители Гидеон и Дафроза во градот Кигома во оваа јужно-африканска земја. Бегаат од цивилна војна и се селат во Перт во Западна Австралија, пред да се преселат во предградие на Аделаиде во Јужна Австралија. Таму почнува да игра фудбал и стигнува до првиот тим на Аделаиде.

Каква фешта во Бразил, Гремио губеше 3-1 на полувреме па Суарез направи шоу

Уште едно големо дерби на бразилскиот фудбал заврши спектакуларно. Ботафого и Гремио режираа луд меч со дури седум гола.

Добро, како успеваат вака да глумат?

Веќе не се знае во која лига и на кој турнир ова се случува. Глумат секаде и за тој пусти пенал излегаат смешни, па и банални. Погледнете го Србинот Митај Гачиновиќ од АЕК, како го свитка ноџето против Олимпик Марсеј. Па ова е неверојатна умешност. За апсурдот да биде поголем, од срам, веднаш се извини кога стана.

Фешта за ослободувањето на татко му на Луис Диаз

Само два дена откако даде гол во Премиер лигата и извади маица „Ослободете го татко ми“, заврши двонеделната голгота на Луис Диаз околу киднапирањето на неговите родители во Колумбија. Прво ја ослободија мајка му, а подоцна и татко му. Фамилијата и пријателите го пречекаа со славје.

Клоп го прекина пресот кој го држеше во необични услови

Ливерпул загуби од Тулуз со 3:2, но и натаму останува прв во својата група во Лига Европа. „На кој му текна тука да се одржува прес конференцијата?“, праша германскиот стратег, кој со право се чудеше на амбиентот.

Асистенцијата на сезоната е резервирана за Иско

Бетис очекувано го збриша Арис Лимасол со 4:1 во ЛЕ и сега погледнете убаво како ја запечатија победата во 94-та минута. Бековска до Иско, па магија од пас до Абде Езалзули и тука завршува акцијата со две додавања.

Не се чекаше многу на одговор на Мурињо до Сари

Тренерот на Лацио Маурицио Сари по триумфот над Феенорд во Лига на шампиони а во пресрет на вечното римско дерби во недела (18:00), го пецна Жозе Мурињо. „Тие играат пријателска а ние вечерва водевме војна“, рекол Сари за мечот на Рома против Славија Прага во Лига Европа и за дуелот на Лацио во Лига на шампиони.