Баер Леверкузен: 44

Баер Леверкузен и Чаби Алонсо на секој натпревар се надминуваат себе си. Остварија нов импресивен рекорд, до сега невиден во топ 5 лигите во Европа и ја продолжуваат битката кон тројната круна.

18 април 2024-та е датум кој влегува во фудбалската статистика како голем и историски за Баер Леверкузен и европскиот фудбал.

Со ремито 1:1 против Вест Хем во реванш четвртфиналето од Лига Европа, овој клуб кој доаѓа од град со 160.000 жители, стана првиот во конкуренција на топ 5 лигите од Европа, со серија од 44 натпревари без пораз

Извонредните момци на Чаби Алонсо кои на неверојатен начин сезонава станаа прваци на Германија, почнувајќи од 18 август минатата година до сега имаат 38 победи, 6 нерешени и 0 порази

Кога во 23. коло од Бундеслигата го победија Мајнц со 2:1, во книгата на рекорди за најдолга серија без пораз на германски тим во сите натпреварувања, го минаа Баерн Минхен предводен од Ханси Флик кој тоа го стори во 2020-та и 2021-ва.

Но сега срушија и апсолутниот рекорд кој го држеше Јувентус од 2011-та и 2012-та.

 
19 април 2024 - 09:08