Го гледаш видеово и помислуваш дека не го интересира играта, дека не му се трча веќе, здосадено му е од фудбал, а потоа прави само спринт, прима топка и толку од муабетот.
Рајо Ваљекано ја почна новата сезона како од соништата. После две кола имаат две победи и гол разлика 4:0. Втори се на табела зад Реал Мадрид. Синоќа ја совладаа Гранада на гости со 0-2 со головите на Алвари Гарсија Ривера и Пате Сис. Големи заслуги за трите бода има и 29-годишниот Кумановец кој брани сјајно и во новава сезона. Претходниот викенд Столе беше избран во тимот на колото на силната Ла Лига.
Ова е дефинитивно најјакото видео летово. Најдобриот светски тренер на денешницата Пеп Гвардиола паркирал непрописно на некоја улица во Манчестер. Доаѓаат од полиција и паркинг служба и му пишуваат казна. 35 фунти. Полицаецот откако пишал казна побарал селфи, а Пеп му рекол: „Селфи, а? Може. 35 фунти“.
Фудбалерите на Милан имаа сигурен старт во Серија А со 3 бода освоени против незгодната Болоња на гости. Мечот го решија Жиру и Пулишиќ. Убав гол на засилувањето од Челси кое на Сан Сиро пристигна за 22 милиони евра.
Во големото финале на женското фудбалско Светско првенство во Австралија, Шпанија со 1-0 ја совлада Англија и за првпат се закити со светското злато. Авторката на голот по натпреварот слушнала дека татко ѝ починал.
Во првото коло од Серија А во кое Јувентус славеше 0:3 на гостувањето против Удинезе, Масимилијано Алегри му даде шанса да дебитира на 18 годишен Турчин, роден во Германија и кален во Баерн Минхен. На прашањето што мисли за неговиот прв настап, италијанскиот стратег мртов ладен одговори:
Навивач на Манчестер Сити на мечот против Њукасл му дофрлил на Гвардиола да направи измена, а овој поштено му одговорил, да дојде да седне на тренерската клупа и да му каже која да биде измената. Нема, чешит е, ги изнасмеа во публика.
Довчерашниот член на Јувентус, кој втора сезона игра во Торонто заедно со Лоренцо Инсиње, очигледно не разликува десна - лева. Му даде два убави голови на Монтреал, посебно оној со левица.
И покрај тоа што веднаш, уште на старт му ја дадоа капитенската лента, Лионел Меси потсети кој ја имаше таа улога пред него и му ја предаде на ДеАндре Једлин, за потоа заедно да го кренат првиот пехар во историјата на Интер Мајами. Човечен гест.
Интер Мајами е во транс откако го освои првиот трофеј од основањето на клубот. Фудбалерите му упаднаа на тренерот на средбата со новинарите и го направија потоп.
Проектот на Дејвид Бекам составен од мини Барселона во која играат неприкосновениот и незаменливиот Лео Меси заедно со Бускетс и Алба, се движи како по филмска лента.
Ваква драма не би режирал ни Хичкок. По поразот на Динамо во Загреб 1-2 од АЕК, реваншот во Атина пред околу 50.000 френетични навивачи сите го гледаа како рутински триумф на грчкиот шампион. Но фудбалот пак покажа колку луд може да биде.
Култниот уругвајски центарфор играше и се надава голови во многу големи клубови, а пред залезот на кариерата сакаше да го оствари сонот и потпиша со Бока. На вториот меч за славниот трофеен клуб од Буенос Аирес, во Купот на Аргентина против Платенсе (3:1) Кавани постигна гол со глава и ја запали Бомбонера.
Баварскиот гигант на отворање на новата сезона во Бундеслига покажа зошто е актуелен шампион и што ги чека ривалите во германската лига сезонава. Со 0:4 го декласираше Вердер на гости во Бремен. Хари Кејн кој почна од почеток како главен центарфор имаше асистенција во првиот дел а во вториот постигна и гол. Дебитантски на официјален натпревар.
Радува голгетерската форма на Бојан Миовски во пресрет на квалификациските натпревари на Македонија во септември. По погодокот против Селтик во првенство, стрелаше и во осминафиналето од Лига Купот против Стирлинг на гости кое Абердин го доби со 1:2.
„Тие уште си немале работа со Даниел Леви“, кратко прокоментирале во Манчестер Јунајтед за Индепендент за преговорите кои ги водеа Баерн Минхен и првиот човек на Тотенхем.
Светскиот храм на фудбалот веќе неколку месеци минува низ драстична фаза на реконструкција. Од корен ќе се менуваат работите. Барселона додека биде готов стадионот, ќе игра на стариот Олимписки стадион „Монжуик“.
„Не знаете колку пати сонував да играм во мундијалското финале, да постигнувам голови и да победам за да ја развеселам Италија. Дали се помирив со пеналот? Мирот е силен збор. Тоа е нешто што не може да се избрише. Освојувањето на СП ми беше сон уште од дете“.
Стартот за Интер Мајами му е врвен. Постигна 9 гола на првите шест меча од кои два од слободен. А сега внимавајте добро на овие движења на Светското во Катар против Уругвај. Не знаеш дали е ова Меси на 25 или на 35 години. Четворица ги сомеле.
Како нов клуб формиран 2015-та, ја освоија титулата и минаа три пречки во дебитанската сезона во Конференциска лига за да обезбедат плејоф битка со Брејдаблик од Исланд. Сè тоа фино, ама треба да се потсетуваме дека се работи за шампион на Македонија, кој благодарение на учество во македонската лига се бори за излез во Европа? Истиот фазон како со Шкупи и Шкендија.
Во трето коло од лигата на Еквадор, Универзидад Католика и трет пат играла нерешено. Овојпат 2-2 против Аукас. Резултатот го отворил Грегори Анангоно со прекрасен гол од слободен удар. Мајсторија.
Се комплетираше третото квалификациско коло во европските натпреварувања по кое следува уште плејоф, каде ја имаме Струга. Спартак Трнава го елиминираше Лех Познањ. Милан Ристовски влезе во 79-та. Мајсторијата која го одбележа мечот и вечерта е ремек делото на дефанзивецот Лукаш Штетина. Кој знае колку е голем ќеифот кога ќе ти успее вакво нешто како бек.