Фудбал

Очајна реакција на Левандовски сам пред гол

Барса синоќа можеше многу лесно да се спаси од пораз против сензацијата на сезоната по име Жирона. Гундоган во 92-ра минута погоди за 2:3, а само една минута подоцна Левандовски одиграно необјасниво лошо со глава по што гостите казнија за конечни 2:4.

Продолжува бајката на Жирона, сега ја растурија Барселона на гости

Викендов ширум Европа имаше неколку изненадувања и таканаречена „сеча“ на фаворитите а прашање е колку е изненадување сјајниот триумф на лидерот во Ла Лига Жирона против Барселона на гостински терен.

Белингем му направи на навивачот тонч

И покрај водството, Реал не успеа да го доби Бетис на гости и со овие 1:1 падна втор, зад лидерот Жирона, која направи нова сензација, овој пат против Барса на гости од 2:4. На само 20 години Џуд Белингем има 16 гола на првите 18 настапи за Реал, а умее и доста добро да врати на провокација.

Нова игранка на Мурињо

И покрај раното водство уште во 5 минута, Рома одигра 1:1 против Фиорентина на меч со три црвени картони. Кај домаќини беа исклучени Залевски 64-та и Лукаку 97-ма минута, а кај гостите Миленковиќ во 98-ма. Жозе смисли нов начин за како да пренесе порака до играчите во однос на тактиката. Напиша ливче кое му го испрати на голманот преку едно од децата што собира топки.

Хартс е најновата мета на Миовски

Нов гол на Бојан Миовски, број 6 во првенство и вкупно 12 сезонава на сите натпреварувања. Овој пат за иразмнување против Хартс на 1:1 во 53-та минута, по што Кларксон погоди во 92-ра минута за комплетен пресврт и победа од 2:1 за Абердин.

Шмекерска штикла на Луис Муриел за победа во 96-та минута

Во дербито на вечерта во Серија А, Аталанта и Милан режираа одличен фудбал со дури пет гола. На крајот славеше домаќинот 3-2 и тоа со прекрасна мајсторија со многу чувство од Колумбиецот Луис Муриел. Штикла што би рекле Италијанците.

Роналдињо заигра фудбал и направи магија

Јужноамериканската фудбалска конфедерација КОНМЕБОЛ организираше фудбалски турнир на кои учествуваа многу поранешни и сегашни фудбалски ѕвезди и раководни лица па на терен се најдоа Гонзало Игуаин, Диего Годин, Јусеин Болт, Џани Инфантино и други. Главна ѕвезда на теренот бил Роналдињо кој правел шоу.

Како Мирко Вучиниќ ја терал црногорската на тренинг

Вучиниќ важеше за опасен шпиц кој направи одлична кариера во Италија каде тресеше мрежи 14 години. Од Лече, прогресираше во Рома и во Јуве со кои освои неколку трофеи. Црногорецот сам откри за себе каков работник бил на тренинг.

Легендарниот 78 годишен Луческу: Не се пензионирам и ќе ви раскажам како се игра фудбал во време на војна

Занимливо интервју со вториот најтрофеен тренер во светот кој ги носел играчите во рудник 500 метри под земја, во фабрика за метал, фабрика за пршута, музеи...Човек кој се поставува како учител и кој обрнува големо внимание во едукативниот дел кај играчите, за кои смета дека не може да гледаат само стадиони и хотели.

Како тренерот на Тотенхем почнал со Фудбал Менаџер

Како и секој страствен вљубеник во видео играта Фудбал Менаџер (на времето Чемпионшип Менаџер), така и актуелниот тренер на Тотенхем Хотспур, австралискиот Грк Ангелос Енџ Постекоглу вели дека уживал додека ја играл игрицата и многу научил од неа.

Културни селфија со Меси во Мајами

Една од причините како што кажа Меси за селидба во Мајами од Европа му беше тоа што ќе има послободен живот, комотно ќе може да прошета по улица, до маркет, до ресторан а да не му рипнат за автограми и фотографии. Во родната Аргентина веднаш се собираат илјадници пред локалот каде што ќе отиде а исто е и во Европа. Очигледно мате си пие на раат само во САД.

Михајловиќ за родителите кои си ги лечат комплексите преку децата

Човекот кој замина прерано на само 53 години, овој месец лани и кој ја освои Италија со многу нешта, знаеше да држи лекции, ама не само фудбалски. Важеше секогаш за директен на повеќе теми. Сите три сина му се откажале од фудбал поради споредби со татко им.

Ти ќе го зезаш Гатузо

Четириесет и пет годишниот Џенаро Гатузо од крајот на септември е тренер на Олимпик Марсеј. Досега Гатузо има 6 победи, 3 порази, 3 нерешени и го продолжи ритамот на екипата која игра топло-ладно цела сезона. Ама макар малку ја подобрил атмосферата меѓу играчите. Доказ за тоа е и е зафрканцијата со младиот Мароканец Азедин Унахи кој беше резерва на клупата на мечот со Лион.

Раде за Пикси: „Како не ме познава, а љубовниците во Дојран“?

Раде Богдановиќ е омилен лик на јавноста во Србија и во Македонија, затоа што зборува без воздржување, отворено, искрено и чесно. Точно погаѓа во центар и поради тоа е контроверзен.

Добро, кој ве учи вака да глумите?

Доминик Шобошлаи, еден од двајцата стрелци на гостинската победа на Ливерпул над Шефилд Јунајтед се појави и на ѕидот на срамот.

Сантос во втора лига за прв пат во 111 години историја, во градот како да има војна

Неверојатни сцени доаѓаат од Јужна Америка, каде еден од најпознатите и најславни бразилски клубови за прв пат ќе игра во втора лига. Навивачите не можат да се соочат во вистината и го запалија градот.

Бруно Фернандеш ли е ова или Малдини?

Со двата гола на Мектоминеј, Манчестер Јунајтед го доби дербито против Челси со 2:1. Издвојуваме еден потег на Бруно во одбрана, во стилот на врвните дефанзивци, јако надмудрување на Ентони во дуел со Тијаго Силва, како и ножички на Гарначо, овој пат за во канта.

Оде пиво, ама оде и леѓа

Од селски фудбал нема појаки сцени. Уникатни се. За двете штети, царов им бара 5 марки.

Раде Богдановиќ: „Пикси има плата од 120.000 евра месечно“

Голема прашина се крена во српскиот фудбал откако легендарниот Немања Видиќ даде интервју за НИН. Некогашниот капитен на славниот Манчестер Јунајтед се обиде да стане прв човек на српскиот фудбалски сојуз но разни мешетари не му дозволија. Видиќ во интервјуто откри дека селекторот Драган Стојковиќ - Пикси и неговиот стручен штаб за речиси 2 години добиле околу 16 милиони евра што е вртоглава сума за овдешните услови.

И од пола терен ако треба

Во втората француска Лига 2, Париз со 2-0 го победил Родез. Двата погодоци ги дал Пјер-Иве Хамел. Првиот во првите секунди од мечот, а вториот во 23’ минута. Погледнете каков е вториот погодок.

Стадион на денот

По норвешката снежна бајка од Тромзо на крајниот север, одиме до Шкотска на стадионот на фудбалскиот клуб Дамбартон од истоимениот град. Стадионот собира 2.020 гледачи, екипата игра сезонава во четврта лига во Шкотска. На 20 јануари следната година ќе играат против Ренџерс во 4. коло од шкотскиот Куп.

И Севиља ќе гради нов, ултра модерен стадион

Откако Реал Мадрид изведе неверојатна реконструкција на храмот на фудбалот „Сантијаго Бернабеу“ а Барса во моментов го реновира „Камп Ноу“ на големо, за нов стадион се реши Севиља. Трофејниот клуб од Андалузија планира во целост да го урне сегашниот стадион „Рамон Санчез Писхуан“и да изгради нов на негово место.

Јан Рајт тотално одлепи на голот на Арсенал во 97-ма минута

Со голот на Деклан Рајс во последните мигови од средбата, Арсенал славеше против Лутон на гости со 3:4 и остана лидер на табела. Погледнете ја реакцијата на вториот стрелец во историјата на англискиот тим, која не знаеме како да ја опишеме.

Приказната за буцкото Аилтон кој го направи Вердер Бремен шампион на Германија

Легендарниот Бразилец кој по конституција и градба личеше на сè освен на врвен голгетер и неверојатен стрелец, беше најзаслужен што просечниот клуб Вердер од Бремен стана сензационален шампион на Германија а тој прв стрелец во Бундеслига.