Во Премиер лига се втори, во ЛШ испаднаа во полуфинале, а во двата домашни Купови беа елиминирани. И така секоја сезона, Арсенал ја завршува без трофеј како вечно втор. Патрис Евра удри по навивачите.
Ривалството датира од 13 мај 1902-ра, кога биле удрени темелите на едно од најјаките дерби натпревари на планетата. Оваа сезона ќе биде запишана со златни букви во архивите на Барселона.
Се искина од давање голови. Има 337 клупски од кои 280 за Тотенхем и 71 за репрезентација. Дури шест финалиња има загубено овој човек во кариерата. Две во Лига Куп и едно во ЛШ со Тотенхем, едно со Баерн во Супер Купот на Германија и две со Англија на ЕП 2020 и 2024. И на крај дочека да се израдува на трофеј на 31 година, после 15 години кариера и куп врвни партии и голови.
Ливерпул веќе на свој терен ја прослави титулата пред повеќе од две недели кога и теоретски го обезбеди шампионскиот трофеј по триумфот со Тотенхем 5:1. Во меѓувреме нивното дете, Трент Александер-Арнолд соопшти дека дефинитивно заминува од клубот по крајот на сезонава и тоа како слободен играч без обештетување. Многу навивачи не го прифатија тоа баш најдобро па некои ги палеле дресовите со неговото име, а други го исвиркаа на дербито со Арсенал (2:2) во неделата на „Енфилд Роуд“.
Барселона и Реал Мадрид одиграа дерби за аналите, со невиден пресврт уште во прво и вкупно 7 гола. Мечот со конечни 4:3 можеше да биде уште поефикасен, бидејќи видовме куп зрели шанси и поништени голови. Погледнете ја утката на Рафиња во 74-та за 5:3, а потоа и онаа на Виктор Муњоз во 89-та за 4:4. Лудило.
Барселона сезонава на Реал Мадрид на 4 ел класика му даде 16 гола. Ако тоа не е најдобар доказ за односот на силите сезонава, тогаш не се знае што е. За Барса лек не најдоа ниту големите ѕвезди Винисиус, Мбапе, Белингем, Лука Модриќ. Бразилецот синоќа после мечот бил провоциран од навивач на Барселона кој му мавтал со топка за плажа како алузија на „Златната топка“ по која Винисиус толку плачеше.
Едниот пензионирана легенда, другиот легенда во доаѓање. 30 години се разлика. Средбата се случи после дербито Барселона - Реал од кое снимка ако начекаме, пак би го гледале цело.
Еден од потрофејните клубови во Аргентина, Индепендиенте добро игра и во новата сезона на Примера Дивизион па после 16 кола е трет со 29 бода, шест помалку од лидерот Росарио Сентрал и два помалку од Ривер Плејт. Синоќа со 1-0 го совладале истоимениот ривал Индепендиенте Ривадавиа а стрелец на спектакуларниот гол бил младиот Сантијаго Габриел Монтиел.
Барселона сезонава е празник за очи. После двете екстра луди полуфинања во ЛШ со Интер кои ги одигра 3:3 и 4:3, одигра неверојатно Ел Класико на кое победи со 4:3. Бадијала хет-трикот на Мбапе. Рафиња и Јамал везат. Разликата сега е 7 бода.
Барселона има предност од 4:2 по 45 минути игра, ненормален и до сега невиден резултат на Ел Класико после едно одиграно полувреме. Можеа да бидат и повеќе, ако Рафиња не промашеше зицер со глава. Погледнете каква топка му сервираше Јамал. Не е нормален малиот.
Нестварно дерби играат Барселона и Реал Мадрид во меч кој може да биде клучен за титулата. Со двата гола на Мбапе во првите 14 минута, кралевите имаа 0:2. Каталонците вратија дрско, безобразно и невидено до сега, со дури 4 гола до 45 минута. Што ли ќе гледаме во второ?
750 натпревари, 247 гола, 176 асистенции, 13 првенствени титули, 2 Лига на шампиони, 2 Клупско светско, 6 Купови на Германија, 2 Супер Купови на Европа и 8 Супер Купови на Германија. Toa e Томас Милер.
На три кола до крајот на сезоната, Атлетико Мадрид и официјално завери учество во ЛШ, откако го совлада Реал Сосиедад со 4:0. Историски натпревар за Александер Серлот, кој ги помести границите во шпанскиот фудбал и го запиша најбрзиот хет-трик. Норвешкиот напаѓач стрелаше во 7`, 10` и 11` минута и не застана на трите гола. Во 30-та минута постигна и четврти.
90 минути, секој натпревар, трчаат, посматраат, судат, се расправаат, трпат мајки шаки, а контакт со топка нула. Во Холандија еден се запиша на листата на стрелци.
По истражување на агенцијата Мани (Money), а спроведена врз основа на рецензии од Гугл, ТрипАдвајзор и Фудбал Граунд избрани се најгрдите стадиони во Европа според најслаби оцени и критики на овие платформи. Редовно има избори за најубави арени, а ова е сега листа на најгрди.
Паралелно со натпреварите во Лига Европа и во Јужна Америка се играше второто по ранг клупско континентално натпреварување. Од таму ни доаѓа еден од најјаките проектили на колото, месецот, па и сезоната. Егзекутор е Колумбиецот Џими Валојс од перуанскиот тим Сиенсиано.
Детево демонстрира врвна класа на големи натпревари и на големи натпреварувања, а има само 17 години. Неизбежна е споредбата со Меси. Нешто најблиску до него од сите таленти на европската сцена.
Полуфиналните двојки во Лига Европа не донесоа неизвесен фудбал. Манчестер Јунајтед го шутна Атлетик Билбао со вкупни 7:1, а Тотенхем го реши Бодо Глимт со вкупни 5:1, откако синоќа славеше 0:2. Педро Поро ги збуни сите со голов.
Многу слабиот Манчестер Јунајтед во Премиер лига, покажува сила во Лига Европа. После оние 0:3 во Билбао, го збриша шпанскиот претставник дома со 4:1 за вкупни 7:1. Две голчишта во фокусот на Лига Европа, на Микел Јаурегизар и Мејсон Маунт. Финалето во ЛЕ е англиско, бидејќи за противник на 21 мај во Билбао им се падна Тотенхем.
Еквадорецот Сегундо Кастиљо четири сезони играше за белградска Црвена звезда и остави голема трага со 48 настапи, 15 гола и освоени трофеи. Потоа играше во Вулверхемптон па во Мексико, на кратко во Саудиска Арабија па се врати дома во Еквадор. Сега е тренер на еквардорска Барселона СЦ која синоќа играше со Ривер Плејт во Копа Либертадорес и изгуби 2:3. Кастиљо веќе подолго време се облекува дречливо во апстрактни одела и чевли за на свадба.
Фиорентина и Бетис преку 120 минутна битка го решија полуфиналето во Конференциската лига, откако во регуларниот дел се повтори резултатот од 2:1 за домаќинот. Играч на натпреварот Антони.
Налетавме на јак евергрин од Црвена Ѕвезда во Лига на шампиони, а тоа е последната пречка на Ѕвезда пред финалето во Бари 1991. Клипот е само со велелепните потези на Дејо.