Фудбал

Хезус Навас меѓу 14-те величествени

Тешко е да се освои Европско првенство. Прашајте ги Англичаните кои со најскапите ѕвезди загубија две финалиња по ред и како славна фудбалска земја никогаш го немаат освоено. На овој турнир еден играч по втор пат се израдува на овој трофеј и влезе во доста елитно друштво.

Апсолутната доминација на шпанскиот фудбал во последните 24 години

Ако на некој уште не му е јасно која е Шпанија во фудбал на клупско и репрезентативно ниво и во машка и во женска конкуренција, нека ја погледне табелава да се почуди малце. Се работи за скор во финалиња од 46:12 и тоа е статистика од 2000-та до денес. Систем е тоа, не е заебанција, а на него се работи темелно и се усовршува.

Видео со сите најважни моменти од бајката Евро 2024

Точно еден месец фудбал се играше на Европското во Германија. Турнирот ќе се памети по неколку нешта. На крајот титулата ја освои Шпанија, заслужено со најубав фудбал на целиот настан. БиБиСи направил убаво завршно видео за крај.

Ди Марија емотивно се раздели од аргентинскиот дрес

Прво светски шампион со Аргентина У-20, па освојувач на олимписки медал, а потоа 4 титули со А тимот: Копа Америка два пати, Светско првенство и Финалисима. На 36 години Анхел Ди Марија одигра 120 минути против Колумбија и ја доби наградата за играч на финалето. И што е најважно, тој е играч за големи натпревари и стрелец на три финалиња по ред, кој секогаш дава 110% од себе. Се повлекува од репрезентација со 145 меча и 31 гол.

Маф им е работата ако вака тераат Светско првенство

Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико ќе бидат домаќини на Мундијалот 2026. Но сцените од Копа Америка летово покажаа дека Американците и не се баш спремни во моментов за масовна посета на фудбал. Или па Јужно-американциве се крајно темпераментни па не можеш да им објасниш дека без карта не може да влезат. Така речиси пред секој меч од Копа Америка имаше нереди, гужви, хаос на вратите. Финалето доцнело 80 минути поради општа лудница надвор од стадионот.

А пабот во Шкотска пред финалето го видовте?

Шкотланѓаните во големото финале на Еуро 2024 во голем дел навивале против нивниот ривалски сосед Англија. До таа мера што во Шкотска некои и ги кителе своите пабови со шпански знамиња како знак за кого навиваат.

Како Шпанецот Олмо ја извади од линија во 90-та минута

Новиот европски шампион Шпанија имаше многу јунаци на Европското. Еден од нив секако е Дани Олмо кој не само што постигна 3 гола и беше меѓу најдобрите стрелци на турнирот, туку и во големото историско финале спаси гол од сама гол линија во 90-та минута по шутот на стоперот Гуеи со глава.

Меси е повторно на тронот, Аргентина е кралица на Копа Америка

Жешка спортска недела со големи финални битки. Вимблдон е за Карлос Алкараз, ЕП за Шпанија и на крајот после 3 часот по полноќ по европско време, Аргентина ја освои Копа Америка.

Шпанија е нов европски првак, Англија повторно на колена!

Селекцијата која покажа најмногу на Европското првенство, на крајот и заслужено стигна до пехарот. Шпанија ја совлада Англија 2-1 со победнички гол во самиот финиш. Шпанците рекордно со сите победи од почеток до крај стигнаа до трофејот.

Канадскиот голман му го криеше шишето на уругвајскиот

Ветеранот Луис Суарез со гол во 90+2' минута му донесе реми 2:2 на Уругвај против Канада која претходно направи пресврт со головите на Исмаел Коне и Џонатан Давид. Луис Суарез со својот 69-ти гол го спаси Уругвај кој после славеше на пенали и освои бронзен медал на Копа Америка. На пеналите канадскиот голман Дејн Клер се правел „на Тошо“ и му го сокрил шишето на уругвајскиот голман Роче. Оправдано добил жолт картон.

Колумбија ги стокми првите 11 за Аргентина

Вечерва во 2 часот по полноќ, Аргентина ќе се обиде да го одбрани трофејот во Копа Америка и да стигне до рекордни 16 трофеи, колку што нема никој. Колумбијците пак имаат само еден трофеј. Вториот ќе го напаѓаат со сериозно добар состав.

Гори Истанбул, пристигна Чиро

Солзи во Рим, радости во Истанбул. По 8 незаборавни сезони, историски рекорд од 207 гола, како и Златна копачка со 36 гола, Имобиле реши да го замени дресот на Лацио со оној на Бешикташ. Потпиша две годишен договор за плата од 6-7 милиони евра по сезона. Турците се во транс.

Веќе се видливи резултатите на Наполи со Конте

Наполи освои шампионско скудето пред две сезони, па минатата сезона одигра катастрофално и не обезбеди ниту настап во еврокупови. Од таа причина претседателот Де Лаурентис реши да повлече сериозен потег: го постави Антонио Конте за нов тренер. Уште од првиот тренинг било јасно што ги чека преплатените ѕвезди.

Мората - Јамал еден на еден

Шпанците се спремаат за големото финале на Европско 2024 против Англија во недела од 21. Ударните сили на селекцијата Ламин Јамал и Алваро Мората се пробале еден-на-еден на тренинг. Коментарите најчесто се: „Ахх, уште Мората да го направи ова на терен“.

Раде: Англија на ЕП 2024 игра лош фудбал, имаат карма и среќа од почеток

Нова анализа на Раде Богдановиќ, овој пат не за Србија и Пикси, туку за Англија и Саутгејт. Пак е хирушки прецизен: „Англичаните играат во најсилната лига во Европа, а чекаат аут за да дадат гол против Словачка. Секој меч го почнуваат со 0:1. Какви им се другите селектори, ако Саутгејт им е најуспешен?“

Хит со најубавите голови на Евро 2024

Даниеле Леле Адани има 50 години. Тој е поранешен фудбалерк кој играше стопер во Модена, Бреша, Фиорентина, Интер, Асколи и Емполи. Сега веќе неколку години е стручен аналитичар на италијанските спортски канали и е омилен мајтап муабет на италијанските твитерџии.

Столе: „Од дете го сакав Кањизарес од Валенсија“

Македонскиот репрезентативен голман имаше и официјално претставување во славната Валенсија. На „Местаља“ Столе ќе се бори за место покрај стативите со еден од најдобрите голмани на Евро 2024, Грузиецот Георги Мамардашвили кој до крај на преодниот рок би можел да замине во побогат клуб и да му ја остави „единицата“ на Димитриевски.

Шпанците 23 години немаат изгубено финале

Шпанија одигра најубав фудбал на Европското 2024, стигна до финалето и таму според многумина е фаворит за пехарот во дуелот со Англија. Шпанската репрезентација и шпанските клубови од 2001-ва година не изгубиле ниту едно финале на Лига на шампиони, Светско и Европско првенство и Лига Европа.

Дали сте го виделе холандскиот гигенпресинг од 1974-та?

Холандија на Јохан Кројф играла прекрасен фудбал и остана запаметена во историјата како генерација која освои бројни трофеи. Во еден период освојува второ место на Светско првенство 1974-та со една чудна и необична тактика која денес би била лесно решлива. Позната е како гигенпресинг или контра пресинг.

Најмудриот кошаркар на сезоната

Со еден смислен потег исфрли цела противничка екипа од игра и комотно поентираше како ништо да не било.

Татко му на Луис Диаз ќе го јаде дома

Прво трчаше на трибина како избезумен кога син му даде гол против Панама во четврфинале, но потоа Колумбија го елиминираше и Уругвај, победа вредна финале во Копа Америка. Па ред е да ја видиме и најновата негова прослава.

Да ти нафрлам сакав, ама и вака не е лошо

Галатасарај одигра пријателска против ЛАСК од Австрија, а двата гола за турскиот тим ги даде Метехан Балтачи. Кутар Батшуаји се исполизга и се здрви во статива, само за да стаса една негова нафрлена топка, а не требало.