Архитектот на убавата Италија ја зема селекцијата ранета после дебаклот што им се случи под водство на Вентура кој не успеа да ја однесе на Мундијалот во Русија.
Создаде хемија во тимот, кој игра допадлив и напаѓачки фудбал како никогаш претходно. Фудбал на кој немаа лек селекции како Белгија, Шпанија и Англија, елиминирани во низа.
Работата на искусниот стратег кој освојуваше трофеи каде и да оди, резултираше со фасцинантна и историска серија од 27 победи и 7 нерешени, а капак на крајот беше освојувањето на Европската титула.
Се појави видео од моментот кога Манчини ги пишува стартните 11 кои треба да и се спротистават во финалето на Англија и на крај им кажува само 2-3 реченици.
За момент и се пошегува додека ги пишуваше. На бековската позиција го стави повредениот Спинацола кој од уста не го извадија цело првенство. Кратко и јасно, Роберто им го рече следново:
„Јас немам повеќе што да ви кажам. Вие сте свесни кои сте. Не сме тука случајно. Ние сме газди на нашата судбина, а не судиите, притивниците. Никој. Сега знаете што треба да направите“: