За Наполи дебитираше 18-годишник, а баба му починала од возбуда
Во финишот од сезоната, тимовите кои веќе имаат обезбедено Европа или опстанок, им даваат шанса на оние фудбалери кои добиле мала или речиси никаква минутажа сезонава.
После мечот, семејството на Гаетано, вклучувајќи ја и баба му Кармела, го славело големиот успех во кариерата на тинејџерот во дворот. Палеле огномет и фрлале петарди, а тоа не им се допаднало на некои од комшиите. Тие почнале да се расправаат со Кармела и викнале полиција.
Во еден момент баба му на Гаетано добила срцев напад од кој набрзо починала. Фудбалерот и посветил пост на Фејсбук со нејзина слика.
„Ти го виде моето деби, но јас не можев да те видам за последен пат. Фала за сите прекрасни работи, за Божиќните вечери и за сите родендени. Фала ти за сиве овие години, извини што не можев да те видам за последен пат. Те сакам бабичке, почивај во мир, ти секогаш ќе бидеш во моето срце“.
Сезонава Гаетано постигнал 21 гол и 8 асистенции на 33 меча за младинскиот тим на Наполи. Најубавиот гол сезонава го дал против младинците на Каљари.
Juega en el Napoli, usa la 10 y la honra como el Diego: GOLAZO al mejor estilo Maradona de Gianluca Gaetano, dejando totalmente en ridículo a todos los jugadores de la Reserva del Cagliari. pic.twitter.com/nYdxtJtXwW