Крег Делев кој навива за англискиот третолигаш Лејтон Ориент се понудил да ги исчисти сите седишта на стадионот доколку клубот му го продолжи договорот на неговиот омилен играч, голманот Елдин Јакуповиќ.
Договорот брзо падна и Јакуповиќ кој е на позајмица од Хал останува и натаму во Лејтон. Тоа на Делев му отвори многу работа за која самиот се понуди да ги исчисти сите 2.600 седишта.
Но од клубот му направија неколку задоволства кои ќе ги памети цел живот. Доби ВИП третман на следниот меч и се запозна со неговиот идол.
Босанскиот голман на средбата му подари и ракавици кои ги носел лично тој.