На Извршниот комитет на УЕФА кој се состана во Лисабон по повод реизборот на Александар Чеферин на чело на организацијата, Словенецот соопштил дека е формиран нов Совет на мудреци.
Го најавил како новитет, односно фудбалско консултативно тело од високо ниво.
Првиот состанок на одборот е закажан за 24 април во седиштето на УЕФА во Нион и тоа всушност ќе биде годишен настан во календарот на европската куќа на фудбалот.
Советот е полн со великани меѓу кои има фудбалери и тренери, со цел да придонесат со своите идеи и совети од нивното фудбалско знаење.
Форумот ќе биде отворен и ќе се користи за заштита на фудбалот и за дискусија и размена на идеи директно поврзани со играта.
Ќе се фокусираат на основните прашања на модерниот фудбал, како правилата на игра и судењето, календарот, натпреварите на УЕФА, развојот на младината, тактиката и благосостојбата на играчите.
Изборот на членовите се заснова на извонредни спортски достигнувања, но и на беспрекорни рекорди, углед и меѓународна почит.
Потврдени членови на Советот со кој ќе претседава Звонимир Бобан се Жозе Мурињо, Карло Анчелоти, Зинедин Зидан, Паоло Малдини, Фабио Капело, Хавиер Занети, Луис Фиго, Филип Лам, Роналд Куман, Герет Саутгејт, Рио Фердинанд, Михаел Лаудруп, Рафа Бенитез, , Предраг Мијатовиќ, Јирген Клинсман, Руди Волер, Петр Чех, Хуан Мата и Роби Кин.