Хари Кејн сезонава, а и годинава е неприкосновен. Постигна два гола против Евертон, два против Борусија, два против Вест Хем и три против АПОЕЛ. Има само 24 години и неговото време допрва доаѓа. Статистичарите веќе не знаат од кај фатат.
- Со трите гола против АПОЕЛ, Хари Кејн стигна до шест хет-трикови во 2017-та.
- Претходно само Герет Бејл беше играч на Тотенхем со хет-трик во ЛШ.
- Тој е седмиот Англичанец кој постигнал хет-трик во ЛШ и прв после Дани Велбек во 2014-та. Другите се Кол, Невел, Овен, Руни и Ширер.
- Го израмни рекордот со постигнати 5 гола по 2 кола во ЛШ со Кристијано Роналдо и Филипо Инѕаги.
- Ниту еден друг играч од Премиер лигата нема постигнато 34 гола оваа година на сите натпреварувања.
- Во 2017-та Саутемптон и Свонси имаат по 33 гола, Барнли 32, Ватфорд 31, Стоук 28, ВБА 27, Кристал Палас 26, а Кејн 34.
- Кејн дебитираше за Тотенхем во 2011-та и од тогаш во три сезони има по минимум 20 гола.
- Минатата сезона отсуствуваше поради повреда 7 недели, потоа се врати и на 44 средби постигна 47 гола за Тотенхем и Англија.
- На Кејн за 100 гола му беа потребни 169 натпревари, на Нејмар 177, на Анри 181, на Меси 188, а на Кристијано Роналдо дури 253 натпревари.
- Тој е 14-ти најдобар стрелец на Тотенхем на сите времиња со 108 гола на 173 меча.