Театрите се затворени во пандемија, ама има глумци на фудбал

Во најголемото дерби во Холандија, лидерот ПСВ Ајндховен го пречека вечниот ривал Ајакс. Гостите од Амстердам славеа 1-2 во меч полн со контроверзи, тензија но и добра глума. Аргентинецот Лисандро Мартинез во еден момент од мечот додека неговиот тим водеше, се вртеше по теренот демек повреден ама брзо се сети дека ако е надвор од теренот нема да може да краде време поради прекин.

„Копјаниците“ од Амстердам славеа 1-2 со головите на Броби и Мазрауи, а единствениот погодокза домашните го постигна Марио Геце.

Ајакс го презеде првото место во холандската Ередивизија и сега има 48 бода. ПСВ е втор со 46 бода така што се очекува жестока борба за титулата до крајот на сезоната. Феенорд Ротердам е трет со 42 бода.

24 јануари 2022 - 08:53