Шпанија го има првиот судија кој призна дека е хомосексуалец, но таа отвореност го примори да ја смени професијата. Хесуз Томилеро почнал да суди фудбалски натпревари од 10 години и ги покривал ниските лиги, но поради голем број на навреди нема намера повеќе да суди и на 21 година решава да се откаже.
Томилеро нема проблем само со некултурните навивачи, туку и со официјални лица на клубови. Последната случка која ја раскажа е поврзана со член од стручниот штаб на младинскиот тим Пена Мадридиста Линенсе кој поради навреди бил суспендиран на 9 натпревари и со парична казна од 30 евра.
Томилеро почнал јавно да зборува за себе пред два месеци, а гостувал и во повеќе телевизии во Шпанија. Мечот кој решил да му биде последен во кариерата е откако досудил пенал за гостинската екипа.
„Покрај навредите кои ги слушнав откако го досудив пеналот, уште повеќе ме здоболи тоа што се смееше цела публика. Се навикнав да ме свират и навредуваат, но овој пат веќе беше премногу. Многу се мали шансите дека ќе се вратам на терените, а веројатно никакви и уморен сум од хомофобијата која владее во фудбалот“, изјави младиот судија.