По СП Бразил 2014 се очекуваше да оди на заслужена пензија бидејќи покрај успесите на клупски план на последното Светско првенство го освои златото и урна неколку рекорди. Го мина Роналдо и стана прв стрелец во историјата на Мундијалите, а на второ место го симна и Герд Милер кој беше најдобар голгетер на Германија.
Но Клосе кој во јуни полни 38 нема намера да застане, а синоќа беше најдобар поединец на мечот Лацио – Аталанта. Трчаше повеќе од помладите, се бореше за секоја топка и по пауза од 9 и пол месеци постигна гол во Серија А и тоа два за конечни 2:0. Лани постгигна 13, но оваа сезона поради повреда го немаше долго на терен.
Трката за шампионската титула во Франција заврши на 8 кола од крајот на сезоната откако ПСЖ ја плесна Троја на гости со 9 парчиња. Ибра од нив постигна 4 и од 2012-та го води нападот на Парижаните со вкупно 102 голови во Лига 1. Сега има 27, три повеќе од лани и можност да ја зголемува таа бројка. Во октомври ќе има 35 години, но кога го гледа човек како игра не размислува на неговите години.
Вирусот на ветераните наречен „гол“ го погоди и во МЛС. Во дербито меѓу Њујорк Сити и Тороно (Пирло против Џовинко), Давид Виља постигна два гола за 5 минути. Тие не беа доволни за победа бидејќи Џовинко имаше гол и асистенција за реми, но Виља имаше шанса за 3:2 која не ја искористи. Врсник е со Ибра, но во САД не замина да седи на клупа.
Пензијата ја најави за јуни оваа година кога ќе наполни 37 години, но до тогаш има уште време за голови. Херојот на Интер од славната тројна круна со Мурињо овој викенд беше најзаслужен за победата на Расинг против Ланус од 2:1 со гол и асистенција. Аргентинецот минатиот викенд постигна два гола.
Нешто помлад од нив е Робин Ван Перси кој има 32 години и го води нападот на Фенербахче со 10 гола на 24 натпревари. Против Кајсериспор му беа потребни само 8 минути за погодок вреден 3 бода.