Клубот кој во ’90-те години го достигна врвот во моментов е целосно реорганизиран, се вика Парма Калчо 1913 и се натпреварува во аматерската Серија Д од каде тргнува на пат кон погорните лиги. Претседател на клубот е легендарниот Невио Скала, капитен е Алесандро Лукарели а тренер младиот Луиџи Аполони. Во моментов се убедливо први и од следната сезона ќе играат во Лега Про (италијанска трета лига). Сезонава продале 12.000 сезонски влезници и покрај тоа што играат во аматерска лига.