Таг: енио тардини

Тимот на Парма кој го освои Купот на УЕФА

Откако минатата недела се пласираше во третата лига Серија Ц и повторно ќе игра професионален фудбал после банкротот, Парма нè наврати на некои поубави времиња кога овој клуб доминираше во Европа.

Што се случува со Парма?

Клубот кој во ’90-те години го достигна врвот во моментов е целосно реорганизиран, се вика Парма Калчо 1913 и се натпреварува во аматерската Серија Д од каде тргнува на пат кон погорните лиги. Претседател на клубот е легендарниот Невио Скала, капитен е Алесандро Лукарели а тренер младиот Луиџи Аполони. Во моментов се убедливо први и од следната сезона ќе играат во Лега Про (италијанска трета лига). Сезонава продале 12.000 сезонски влезници и покрај тоа што играат во аматерска лига.

Парма втор пат продадена за едно евро

Во само два месеци, италијанскиот клуб два пати беше продаден за 60 денари, иако долговите на „млекарите" остануваат повеќе од 50 милиони евра.