Да можеш сам во Лига на шампиони да го решиш Реал Мадрид на гости и згора на сè да ја имаш таа привилегија публиката да ти стане и да те испрати со аплаузи, треба да си еден од ретките или поточно да си Алесандро Дел Пјеро.
Фудбалскиот великан нема никогаш да го заборави 5 ноември 2008-ма и гостувањето на Сантијаго Бернабеу.
Тоа беше само еден обичен натпревар од групната фаза во ЛШ каде Реал и Јуве без проблем се изборија за место во нокаут фазата, но за легендарниот италијански напаѓач спомен кој можат да го доживеат само господа како него.
Алекс на 34 години одржа лекција по фудбал во Мадрид со два еврогола за конечни 0:2, а кога Клаудио Раниери го повлече од игра цел Сантијано Бернабеу стана да му аплаудира, како да се работи за нивна легенда.
Тоа беа аплаузи со кои се покажува респект за една од најголемите легенди во историјата на италијанскиот фудбал и респект за неговата верност кон Јуве. 19 сезони, 6 Скудета, 290 гола. Какви бројки.
Од едната страна Рамос и Марсело, од другата само Кјелини се сè уште членови на овие две екипи.
Слушнете ги овие овации:
И двата голчишта на Алекс