Сеќавање на Драган Манце

Денес се навршуваат 30 години од трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загуби напаѓачот и најомилен фудбалер меѓу навивачите на Партизан, Драган Манце.

На денешен ден, пред точно 30 години, омилениот напаѓач на белградските Црно-бели прв пат не стигнал на тренинг. Навивачите на Партизан не го забораваат и од година во година се шири легендата и кај помладите навивачи кои уште не биле родени кога 23-годишниот Манце загинал во сообраќајна несреќа.
 
Драган Манце е роден на 26. септември 1962. година во Белград. Првите фудбалски чекори ги направил во Галеника (денешен ФК Земун) каде играл со пионерите. Со одличните игри, на 17 години веќе бил дел од првиот тим на земунскиот второлигаш. На 15. септември 1980 година преоѓа во Партизан каде на 279 натпревари постигна 174 голови. Посебно се памети неговата прослава на головите кога ќе лизгаше на колената со рацете во воздух.
 
Детството го поминал во Земун, со таткото Фердинанд, мајката Душанка и помладиот брат Горан кој и денес работи на стадионот на Хумска улица. Манце не бил женет, а септември ќе остане како месец во кој се родил, потпишал со Партизан и на крај трагично го завршил својот млад живот. Последниот гол за Партизан го дал на првенствениот меч Партизан - Будуќност 2-1, на 1. септември само три дена пред да загине.

Надвозникот каде загинал Драган Манце

Денес Партизан одржува 30-годишен помен а навивачите и натаму не можат да го прежалат центарфорот кој им донесе толку радост на домашна и на европска сцена. Во Белград по него е крстена една улица во близина на стадионот ЈНА. Голот кој го постигнал против Квинс Парк Ренџерс во првиот натпревар од легендарниот двомеч меѓу КПР и Партизан во 1984. година веројатно е најубав во клупската историја.
 
 
Документарецот за Драган Манце:
3 септември 2015 - 15:28