Саша Чурчиќ Џани е единствениот фудбалер за кој може да напишеме дека му дал голчиште на Челси, се дружел со Денис Родман и победил на „Големиот брат“.
Фудбалерот од средниот ред кој има 14 настапи за Југославија во состав заедно со Пикси, Михајловиќ, Савичевиќ, Ковачевиќ, во 9 годишната фудбалска кариера од 1991 до 2000 година ги носеше дресовите на ОФК Београд, Партизан, Болтон, Астон Вила, Кристал Палас, Њујорк Метростарс и Мадервил.
Од фудбалски аспект кај него за издвојување е ова:
А во Белград го правеше ова:
Но кај него хормоните беа посилни од желбата за фудбал и кога на 29 години реши да се пензионира, во интервју за Скај спорт ја даде следнава изјава:
„Не би потпишал за друг клуб, ниту за плата од 15 милиони евра. Би било подобро да ми понудат 15 жени од различни делови на светот. Ќе му кажам на претседателот на клубот: Те молам дозволи ми да ги направам жениве среќни. Ќе ги задоволам како што никогаш не биле задоволени претходно“
Така Џани наместо уште да се докажува во една од најсилните фудбалски лиги во светот, реши редовно да си прави место на насловните во српските таблоиди и да се однесува како старлета. Се пријави во српските реални шоуа Парови и Фарма, а во 2007-ма зема 50.000 евра награда за победата во Големиот брат. Гостуваше и во емисии како Ѕвезде гранде и Орално доба, а во жолтиот печат пишуваа дека направил и пластична операција на лицето.
Дел од неговите скандали за време на фудбалската кариера:
- Кога како играч на ОФК Белград го пратиле да се опоравува во хотелот Метропот, Џани за две недели во барот потрошил над 160.000 марки на пиење и жени, а исто се однесувал и во Партизан. Кога со клубот заминал на припреми, се пијанчел со Гробарите во дискотеки, а една вечер толку се начукал што отишол да преспие дома кај непознат човек. Другиот ден тој го однел со кола каде што Партизан имал натпревар, но го утнале градот.
- Селекцијата на Југославија гостувала во Јапонија на пријателски натпревар, а Џани го фатиле со две Јапонки во кревет. Така терал и во Англија каде како член на Астон Вила ги поканил сите играчи со него на екскурзија и за таа намена изнајмил автобус полн со проститутки.
- Како фудбалер на Кристал Палас Џани продолжил да го затвора ноќните клубови, а се дружел и со Роби Вилијамс. Кога потпишал за американскиот клуб Метро Старс од Њујорк, станал пријател со Денис Родман и Паф Деди, а ја посетил и куќата на газдата на Плејбој, Хју Хефнер.
Чурчиќ сега живее во Лондон, а на почетокот од годинава во интервју за српските медиуми се пофали дека се смирил, завршил факултет за племенети метали и живеел повлечено без правење паради. Работел една година како координатор во Манчестер Сити, а сега има свој приватен бизнис поврзан со тоа што го учел.
Кога го барале во управата на Партизан им рекол дека не е заинтересиран бидејќи земал и огромна британска пензија 10 пати поголема од директорот на Телеком во Србија. Живее во близина на стадионот на Челси и се дружи со Ивановиќ и Матиќ.