Ривалдо се уште не е официјално пензиониран и повремено знае да ги облече копачките и да настапи за бразилскиот третолигаш Можи Мирим каде воедно ја избршува и функцијата претседател на клубот.
Тоа се случи и синоќа на натпреварот против Пирасикаба, но овој дуел ќе биде запаметен и по еден интересен факт. Ривалдо за прв пат настапи заедно со својот 18-годишен син Ривалдињо.
„Ова е посебен ден во мојот живот. Играв заедно со мојот син на официјален натпревар. Мечот заврши 1:1, но овој ден ќе биде историја", напиша Ривалдо на својот Инстаграм профил.