За сега само едно е сигурно и потврдено, а тоа е дека италијанско продолжува да се игра зад затворени врати во следните месец дена. Така одлучи владата на најзаразената земја во Европа од проклетиот вирус. Според најновото инфо во Италија има 3.089 заразени и 107 жртви.
Фудбалерите и сите членови на стручните штабови на кои ќе им мерат температура пред тренинг, треба да следат 18 правила кои им се укажани како превенција од вирусот.
Треба да избегнуваат да одат на јавни собири, да не пијат од исто шише, да не јадат во соблекувална, да мијат почесто раце, да не се поздравуваат пред тренинг како што е обичај, да избегнуваат секакви контакти со навивачи, да даваат интервјуа на дезинфицирани микрофони...
Освен Серија А, без публика ќе се игра и реванш осминафиналниот меч од ЛШ меѓу Валенсија и Аталанта, а за други средби од ова натпреварување за сега нема потврда. Оваа мерка е можна и за другите мечеви од еврокуповите каде има италијански екипи како Барселона – Наполи, Јуве – Лион, Хетафе – Интер и Севиља – Рома.
❗️ Comunicato @UEFA: @valenciacf - #Atalanta si giocherà a porte chiuse.
— Atalanta B.C. (@Atalanta_BC) March 5, 2020
🚫 #UEFA confirms: #UCL Ro16 2nd leg #VCFAtalanta will be played behind closed doors.https://t.co/I0cydpegTN
Она што сега најмногу ги мачи италијанските фудбалски власти е како да го стокмат распоредот во Серија А до крај кој по протокол треба да заврши на 24 мај. Викендов на програмата треба да биде 27-то коло, но најавено, а сè уште непотврдено е дека ќе се играат шесте одложени натпревари од претходниот викенд.
Тоа се Милан – Џенова, Парма – СПАЛ, Сасуоло – Бреша, Удинезе – Фиорентина, Сампдорија – Верона и Јувентус – Интер. Дербито на колото беше најавено за во понеделник, но најверојатно ќе се игра во недела во 20:45.
Ако Фудбалската федерација на Италија ја потврди оваа најава, тогаш треба да најде слободен термин за редовното 27-мо коло кое во ваков случај нема да се одржи на 7-ми и 8-ми март. Италијанските медиуми пишуваат дека тоа ќе биде преместено за 13 мај.
Но за сите овие натписи нема потврда од федерацијата и Lega Serie A кои веројатно не можат да донесат решение како да се продолжи до крај. Проблем плус е и тоа што треба да се најде термин за реванш полуфиналните натпревари од Купот, Милан – Јуве и Интер – Наполи кои требаше да се одиграа вчера и денес, но се одложија.
Најзгуснато во ваков случај им е на Јувентус и Интер од три причини. Се борат за Скудето, Куп на Италија и сè уште се дел од еврокуповите. Лацио кој е прв на табела со натпревар повеќе од Јуве и два од Интер, се бори само за титула.
Со оглед на тоа што е четврток, веројатно Италијанците ќе мрднат малку со одлуките за дефинитивно да знаеме кои натпревари во кои термини да ги очекуваме викендов кој доаѓа. На сајтот на Серија А стои по старо: