Работник од вулканизер влезе во тимот на Бристол Сити

Стандардните наградни игри носат телевизор, автомобил или некоја парична награда, но ова е многу пооргинално и претставува сон за секој навивач кој би се "стопил" од радост ако му се случи.

Големиот среќник се вика Грек Кена кој ова лето е најновото засилување за анлискиот третолигаш Бристол Сити. Тој не е професионален фудбалер, туку работи во Вулканизер каде лепи и менува гуми, а ќе се обиде да ја смени на подобро и играта на Бристол.

Потпишувањето на 31 годишниот Кена со неговиот прв фудбалки клуб се случи благодарение на наградната игра која ја организираше спонзорот на клубот само за тие што поседуваат годишен билет од Бристол, а тоа му овозможи да биде дел од екипата во текот на целата сезона.

Како победник на наградната игра тој ќе има можност да биде дел од сите активности на клубот, да се слика со играчите, а најверојатно ќе добие шанса да заигра и на некој натпревар.

„Не можам да ви опишам како се чуствувам што сум дел од составот на Бристол Сити. Секогаш мислите дека некој друг ќе биде победник на наградните игри, но овој пат сум јас тој кој се наоѓа на месечината“, вели Кена.

Наградата на среќниот 12-ти играч на Бристол најмногу му значи затоа што токму неговиот чичко настапувал во клубот.

 

1 август 2013 - 13:42