Последните 6 месеци на Матс Хумелс

Легендарниот 35 годишен стопер кој во 2014-та стана светски првак со Германија и кој има 5 трофеи со Борусија и 7 со Баерн, не му оди баш во последно време. Како стандарден првотимец цела кариера во Бундеслигата, не може место да фати во Серија А. 

Хронолошки, кариерата во последниве шест месеци му се движи вака:

- На 1 јуни го одигра целиот натпревар во финалето на Лигата на шампионите и беше еден од најдобрите играчи на Дортмунд, но трофејот го освои Реал Мадрид.

- По одличната сезона не беше повикан во репрезентацијата на Германија за Европското првенство кое се играше во периодот 14 јуни - 14 јули, токму во неговата земја.

- Во август разговараше со Де Роси и реши да се пресели во Рома.
На 4 септември Хумелс потпиша едногодишен договор и беше претставен како големо засилување.

- Рома на 18 септември го отпушти Де Роси по само 4 натпревари во новата сезона.

- На 18 септември го назначија за тренер Иван Јуриќ, но хрватскиот стратег не му даваше шанса да покаже зошто е доведен, иако Германецот беше подготвен.

- На 27 октомври Хумелс конечно дебитираше за Рома, но подобро да не влезеше во игра тој ден. Рома беше декласирана од Фиорентина со 5:1, а тој си постигна автогол.

- Рома на 10 ноември му врачи отказ на Јуриќ по серијата лоши резултати и сега се очекува да дојде нов, вкупно трет тренер откако е Хумелс во Рим.

- Хумелс чека да види што го чека со новиот тренер. За сега сезонава има само еден настап.

Додуше и не му е до толку лошо

13 ноември 2024 - 14:49