Петте најсилни страни на Мурињо

Жозе размислувал како тренер и уште додека бил асистент, а кога решава да го провоцира противникот тоа го прави научно. Кога ги подбрал играчите на Интер по поразот од Катанија на следниот меч го победиле Челси на Стемфорд Бриџ.

Жозе Мурињо викендов има нов голем предизвик во кариерата, а тоа е дуелот со Пеп Гвардиола во Премиер лигата, стариот познаник од Ла Лига каде често се среќаваше во Ел Класико.

Неговата тренерска способност ја анализира Марко Матераци кој го става во ист кош со Гвардиола, Липи и Анчелоти, четворицата најдобри тренери во светот според него.

Во Интер заедно славеа две Скудета, Куп, Супер Куп на Италија и Лига на шампиони. Кога се разделуваат течеа солзи и кај двајцата. Запознајте ги карактеристиките на Мурињо преку описот на Матераци.

Енергија

„Може да му биде мултифункционална. Би ви дал 1000 примери, но еден е доволен. Еднаш загубивме 1:3 од Катанија и следниот ден сите не „закла“. Од најсилни до најслаби. Се погледнавме во очи и по четири дена го победивме Челси во Лондон. Мурињо може да ви ги прочита чувствата, дури и оние скриените и тоа што ви се наоѓа во умот“

Подготвеност

„Секогаш го притиснува вистинското копче и не само кога неговите играчи се во прашање. Никогаш не сум видел некој толку научно да го провоцира противникот, така го прави нервозен. Но, тој оди и понатаму од тоа. Се храни со контроверзност, но ги држи играчите подалеку од се. Има перфектен штит“.

Знаење

„Кога ги подготвува играчите за натпревар тогаш доаѓа овој дел. Кога со него работите на тактика во текот на неделата, знаете се за противникот. Можеш да излезеш на терен и да ја играш својата игра, но и да ја срушиш противничката“.

Искуство

„Знае како да победува затоа што тоа го правел многу пати во кариерата и затоа што рано започна да се занимава со оваа работа. Неговата тајна е тоа што ја започнал работата на млади години. Размислувал како тренер и кога бил асистент.“

Емпатија

„Тоа е првата работа која ја бара од тимот. Тоа е апсолутно неопходно за да се направи силен тим. Да биде силен и да не пука. Тоа ве води да бидете над се и секого.“

Како се испратија Мурињо и Матераци кога Жозе замина во Мадрид

 

9 септември 2016 - 16:22