Имаше три кола до крај. Лестер одигра 1:1 на Олд Трафорд, а Челси следниот ден на 2 мај му гостуваше на Тотенхем. Лондонското дерби се гледаше кај Варди дома. На полувреме беше 0:2, но Кејхил во 58-ма и Азард во 83-та ги поставија конечните 2:2. Раниери тој ден замина во Италија на ручек кај мајка му, а неговите момци станаа шампиони и урлаа од радост. Оваа домашна забава ќе остане историска за Лестер и Премиер лигата.