
Шпанскиот весник Спорт кој важи за близок до Барселона пишува дека Бразилецот се шиша кај Вагнер Тенорио, познат локален бербер и стилист кај кој одат и други фудбалери.
„Кога Нејмар дојде во Барселона косата му беше за никаде па мораше да направи многу промени. Прво што направив му ја скратив и потоа почна процесот на промени.Немам многу време за работа, но му стојам на располагање кога има потреба. Тој праќа шофер кој ме собира и потоа ме враќа дома. Тешко е да се каже колкава е сумата која ја издвојува за моите услуги, но тоа се движи околу 2.000 евра месечно“
Кај Вагнер се шишаат и соиграчите на Нејмар, Дани Алвеш и Рафиња.