Еден од најпознатите италијански спортски весници Кориере дело Спорт утринава излезе со насловна на која го најави утрешниот меч Интер – Рома на малку невообичаен начин. Со големи букви напиша BLACK FRIDAY и стави двајца црнци на насловна Лукаку и Смолинг. Хмм.
На социјалните мрежи покољ и напади за контроверзна и расистичка насловна страница, бидејќи навистина така личи. Чудно и несфатливо е зошто еден медиум кој место да го смирува тој костен кој се вжешти и сезонава во Италија, се реши на ваков начин да го продаде денешниот број?
Темата е специфична за коментирање, па не секој сака да се впушти во напади кон весникот. Пример весници како Газета дело Спорт, Република, Скај Спорт молчат и не се изјаснуваат за колегите, ама затоа реагираа Дејли Мејл, Марка и еден новинар, барем од тоа што прочепкавме.
А поголема тежина во провокативниот, па и скандалозен чин е тоа што на Твитер се огласија клубови како Милан, Интер и Рома.
No one:
— AS Roma English (@ASRomaEN) December 5, 2019
Absolutely nobody:
Not a single soul:
Corriere dello Sport headline writer: pic.twitter.com/u2xpMLV5IH
It is totally unacceptable to see such casual ignorance on racism. We will not stay silent on this issue…
— AC Milan (@acmilan) December 5, 2019
Non sono più tollerabili superficialità e ignoranza sul tema del razzismo. Non resteremo più in silenzio davanti a questo problema.#togetheragainstracism pic.twitter.com/kxKBP7CVox
Il calcio è passione, cultura e fratellanza.
— Inter (@Inter) December 5, 2019
Siamo e saremo sempre contro ogni forma di discriminazione
#BUU #BrothersUniversallyUnited #NoToDiscrimination #FCIM
Главниот уредник на Кориере, Иван Ѕанѕарони ниту се извини, ниту ја повлече насловната, туку напротив нападна со објаснување дека не ја сфатиле.
„Дигитални платформи? Јас би ги нарекол ѓубре. Блек Фрајдеј, за оние кои сакаат и можат да го сфатат беше и е само потврда за разликата, гордоста на разликата, прекрасното богатство на разликата. Ако не го разбирате е затоа не можете да го сторите тоа“, вени Ѕанѕарони во дел од неговата реакција откако му се сипаа.
Искрено не разбираме каква мислел да биде реакцијата на јавноста, кога дербито го најави со наслов „Блек Фрајдеј“ и двајца црнци, кога до Лукаку можел да го стави Џеко на пример. Тогаш ќе можеше да објаснува за некакви разлики, плус пракса е тоа на медиумите кога најавуваат дерби, до напаѓач да ставиш напаѓач.
Ни текна уште нешто. Па „Блек Фрајде“ беше минатиот петок.