Напаѓачите во Италија постат

За второпласираниот тим во Серија А, фудбалерот со најмногу постигнати голови не е шпиц, туку тоа е Србинот Адем Љаиќ, играч од среден ред со офанзивни задачи кој има постигнато 8 голови. Неговите колеги од напад Тоти, Жервињо, Верде, Думбија и Санабрија заедно немаат толку.

Рома е жив пример за тоа дека на напаѓачите оваа сезона не им оди во Серија А, па затоа не е ни чудно што Гарсија минатиот викенд се реши да му се спротистави на Наполи без класични напаѓачи, туку со триото Итурбе, Љаиќ и Флоренци.

Исклучок е одличниот Тевез кој игра во одлична форма и кој во моментов е прв стрелец во првенството со 17 голови за водечкиот Јувентус. Следуваат Менез од Милан со 16 и Икарди од Интер со 15 погодоци, но овие две екипи имаа очајни резултати и не се ниту во зоната за излез во Европа.

Освен Љаиќ кој за разлика од колегите напаѓачи кои заедно имаат 7 постигнати голови, а тој 8, сличен е случајот и со Лацио. Таму фудбалерот од средината, Фелипе Андерсон е прв стрелец заедно со Клосе, Марко Пароло кој исто така игра во среден ред има 7 голови колку Ѓорѓевиќ, а втор стрелец во тимот е Стефано Маури.

Италијанците направија и листа на напаѓачи кои уште не ни постигнале гол оваа сезона, а во тоа води Белфодил од Парма кој не се израдувал над 1.000 минути. Меѓу нив е и Лукас Подолски кој премина од Арсенал во Интер и кој за сега се покажува како голема утка во Серија А.

Инаку ветеранот Лука Тони има 15 голови за Верона, а во Удинезе најдобар стрелец е Антонио Ди Натале со 10 погодоци. Двајцата напаѓачи имаат по 37 години.

Напаѓачи без постигнал гол во Серија А:

Исак Белфодил (Парма) 1.017 минути

Самуеле Лонго (Каљари)  905 минути

Лукас Подолски (Интер) 705 минути

Силвестре Варела (Парма) 654 минути

Кеита (Лацио) 610 минути

Роландо Бјанки (Аталанта) 498 минути

Абделкадер Гезал (Парма) 438 минути

Сејду Думбија (Рома) 221 минути

Даниеле Верде (Рома) 208 минути

Марко Бориело (Џенова) 185 минути

7 април 2015 - 22:38