Најубаво додавање на вечерта има Холанѓанецот Гравенберг

На „Јохан Кројф Арена“ во Амстердам пред повеќе од 55.000 гледачи во големиот класик, Холандија и Германија одиграа 2-2 и освоија по бод во својата група во Лига Нации. Освен 4 гола на дербито имаше и многу интересни детали, како овој пас на 22-годишниот фудбалер на Ливерпул Рајан Гравенберх. Интересно, во иста вечер исто додавање имаше и неговиот другар и соиграч од Ливерпул Трент Александер Арнолд на мечот Англија - Финска.

Холандија прва поведе со гол на фудбалерот на Милан Рејндерс уште во 2' минута. Германија израмни преку Дениз Ундав во 38-ма минута, а Кимих направи пресврт пред крајот на првиот дел во 45+3 минута. Конечните 2-2 ги постави Дензел Дамфрис во 50-та минута.

Додавањето на Трент Александер Арнолд на дуелот Англија - Финска:

11 септември 2024 - 08:38