Мрме ги потврди зборовите на Пандев дека првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини сакал да го смени пред двата историски мечеви за пласман на ЕП 2020.
Ова го отврди самиот селектор на Македонија, Игор Ангеловски во куса изјава за Спорт 1.
„Сѐ што кажа Пандев за мене и за тоа што го посочи (Сејдини сакал да го смени Ангеловски после мечот со Израел) е вистина. Сега македонската јавност може да види под каков притисок ги водев двата клучни мечеви во баражите со Косово и со Грузија. Но, заедно со сите членови на А-тимот успеавме да го обезбедиме пласманот на Европското првенство и да го оствариме овој историски успех на Македонија на чело со капитенот Горан Пандев. И тоа на радост на сите во Македонија“.
Оваа изјава на Ангеловски следува после вчерашното гостување на Горан Пандев во тв 24 вести кој ги отвори картите за повеќе теми поврзани со ФФМ, меѓу кои и намерата на Сејдини да направи скроз нелогична смена во период кога Македонија е пред потпишување на историја.
Сејдини одолговлекуваше со продолжувањето на договорт на Мрме кој му истече на 31 декември 2020-та и му го продолжи два месеци по триумфот против Грузија, вреден пласман на ЕП.
„Прво ќе разговараме со Ангеловски, а потоа ќе одиме со други варијанти. Да не шпекулирам, ама цела јавност знае кој ќе биде селектор, ако не се договориме со Ангеловски“, кажа Сејдини кој тактизираше со времето.
Инаку новиот договор на Мрме е на 6 месеци заклучно со Европското првенство во јуни, за што Пандев рече дека е срамно.
Гостувањето на Пандев кој се отвори капитенски како ниту еден друг фудбалер.