Новиот тренер Валтер Мацари никако да фати ритам оваа сезона, а на вчерашниот меч од нервоза почна да јаде шишиња. И покрај многуте шанси „Нероаѕурите“ не успеа да ја затресат мрежата, а не добија ниту пенал при една спорна ситуација кога играч на Удинезе играше со рака во неговиот шеснаесетник при шутот на Паласио. Големото незадоволство по мечот го изрази Масимо Морати
„Ова е веќе комично затоа што знаеш дека се случува секоја недела. Јас не сум ни повеќе бесен, вака беше и минатата сезона од мечот со Јувентус па до крајот на првенството. Можеби им се случува и на други тимови, но статистиката поврзана за нас е апсурдна. Мислам дека судиите имаат страв да ни досудат пенал после толку време“, изјави почесниот претседател на Интер.
Статистиката покажува дека фудбалерите на Интер немаат шутирано од 11 метри на последните 32 натпревари. Последниот досуден пенал за нив е на мечот против Лацио одигран на 8 мај 2013, кога Алварез го промаши цел гол.