Мората од мал сонувал да заигра за Јуве, Реал, Челси и Атлетико

По две годишната авантура, Алваро Мората се врати во Јувентус, клубот за кој од секогаш имал желба да заигра, исто како и за сите останати од неговата кариера. Класика муабет на фудбалер кој од што не знае друго да одговори, истото го вергла на секоја промоција.

Мората пристигна во Јувентус на позајмица за 10 милиони евра и со право на откуп од 45 милиони евра, а очигледно секоја некоја преселба му е кец на десетка, бидејќи каде и да оди кажува дека тоа му било сон.

Почнувајќи од Реал Мадрид каде ја почна кариерата во 2010-та, потоа заигра во Јуве, па се врати во Реал, се проба во Челси, па во Атлетико и еве го сега пак во Јуве.

Изјавите од секој негов трансфер стојат во видео верзија, така што можеме да чуеме лично од него за сите негови исполнети сништа.

Ќе го следиме и понатаму ако во случај потпише за нов петти клуб во кариерата. Може има неисполнет уште некој сон, кој го знае.

2014:

„Сакав да дојдам во Јувентус, тоа е клуб во кој секогаш сум сакал да играм“.

2016:

„Сон ми е да успеам како играч на Реал Мадрид“.

2017:

„Кога бев мал си замислував како еден ден ќе заиграм за Челси“.

2019:

„Атлетико ми носи среќа уште од детството“.

24 септември 2020 - 10:16