Моџи уште го има

Единствениот човек кој успеал да го заработи епитетот „кум“ на фудбалската мафија во Италија е Лучано Моџи. Кога за време на скандалот Калчополи 2006, италијанскиот печат објави транскрипција од неговите наредби во Серија А, излегоа и такви, каде се меша во делегирањето на судии, кој што да суди. Им газдуваше и на уредниците на ТВ емисиите околу тоа кои спорни ситуации од терен да ги сокријат и да не ги прикажуваат. Сега има 88 години, уште оди на стадион и сигурно немаше да ја објавивме фотографијава ако беше сам.

22 септември 2025 - 16:07