Марадона: Пеле изгуби невиност со маж

Аргентинската легенда кој не сакаше да го дели признанието за најдобар фудбалер на векот со Пеле даде изјави во кариерата кои ќе останат во аналите. Играта на Меси ја спореди со секс.

„Јас сум „црна глава“ и горд сум на тоа. Никогаш нема да заборавам од каде потекнувам“.

„Мојот сон е да играм на Светско првенство. Вториот сон ми е да го освојам“, изјави додека беше тинејџер

„Сакам да им станам идол на сиромашните деца од Неапол, бидејќи тие се каков што бев јас во Буенос Аирес“, изјави на официјалното претставување во клубот пред 70.000 луѓе на 5 јули 1984 година.

„Во 40 години, јас поминав живот од 70. Ми се случи од се по нешто. Бев на врвот на светот и кога се вратив требаше да сфатам што да правам. Никој не ми кажа дека ќе одам до таму“.

„Кој ќе украде нешто од крадец, треба да му се прости во следните 100 години“, изјави за голот со рака против Англија на СП 1986“.

„Бигон рече дека му требаат 11 луѓе што ќе трчаат. Јас му реков да не смета на мене, бидејќи јас  никогаш не трчам во животот“, изјави кога не беше во состав за мечот Лече – Наполи.

„Нема да играм повеќе. Не сакам да им дават можност на луѓе како Хавеланге и Батлер да ме повредуваат“, рече на доделувањето на Златната топка на Жорж Веа во 1995-та.

„Секогаш сум бил победник“, интервју во 2000 година.

„Го заслужувам ова признание бидејќи секогаш го почитував фудбалот и никогаш не му свртив грб на теренот. Можеби не се почитував самиот себе си, моето тело. Но јас не сакам на никој да му бидам пример.“, изјави кога заедно со Пеле го доби признанието за играч на векот.

„Јас сум валкан, но фудбалот е чист“, рече во 2001 кога го одигра прошталниот меч во Буенос Аирес.

„Никој нема да ме увери дека грешките со дрогата ми ги сменија чувствата, никој. Истиот сум, јас сум Ел Диего“, рече на промоцијата на автобиографијата „Јас сум Ел Диего“.

„Тој ќе зборува, тој што невиноста ја загуби со маж“, му одговори на Пеле кој рече за Марадона дека е лош пример за младите.

„Замислете го триово, јас, Меси и Че Гевара“.

„Сега, со извинување до жените, може да ми го пушите и да продолжите да ми го пушите“, изјави во 2009 година кога како селектор на Аргентина се пласираше на Светско првенство.

„Да го гледаш Меси како игра фудбал е подобро од секс“

14 мај 2015 - 18:03