Гостинскиот триумф на „Граѓаните“ на тешкото гостувањето против Евертон од 2:3 беше многу важен во борбата за титулата, а последниот погодок на Џеко влезе во историјата, затоа што Сити стана првиот англиски клуб кој успеал да постигне 150 голови за една сезона на сите натпреварувања.
Овој рекорд до сега го држеше тимот на Челси минатата сезона под водство на Бенитез, кој потоа беше заменет со Роберто Ди Матео, но тогаш „Сините“ стигнаа до 147 погодоци на 69 меча. Фудбалерите на Сити ја надминаа таа бројка за само 55 натпревари.
Во Премиер лигата на 36 кола постигнаа 96 голови или во просек по 2,6 по натпревар, а останатите 54 ги постигнаа на останатите натпреварувања. Пред домашната публика Сити постигна 57 голови или просечно по 2,7, а немилосрден е и на гости со нешто повеќе од 2 гола во просек.
Најголемиот дебакл му го направија на Норич со највисоки 7:0, а не беа нежни ниту против Тотенхем и Арсенал кои загубија со 6:0 и 6:3. Двете петарди кои ги испукаа беа на домашен терен против Фулам од 5:0 и на гости против Тотенхем од 1:5.
Оваа историско ефикасна сезона не им успеа во шампионската година со Роберто Манчини, но затоа оваа година пулените на Пелегрини се незапирливи. Шпанскиот стратег во составот има дури петмина играчи кои успеаа да постигнат двоцифрен број на голови.
Најпрецизен е Агуеро со 28 голови, втор е Џеко со 24, а Негредо и Туре постигнаа по 23. Дел од останатите стрелци се Насри со 10, Силва со 6, Јоветиќ и Фернандињо со по 5 и Коларов и Компани со по 4 погодоци.
На Сити му останаа уште две пресметки на домашен терен против Астон Вила и Вест Хем, а доколку продолжат со ова голгетерско темпо, сигурно ќе постигнат уште најмалку 5-6 погодици.