Додека нас очите ни беа вперени во настапите на Македонија во Лига на Нации, на пријателските мечеви Чиле играше со Хондурас кој го совлада со 4:1.
Фаворитот на овој дуел во состав ги имаше Видал кој постигна два гола и Санчез кој го реализираше третиот погодок. Токму ѕвездата на Манчестер Јунајтед го направи потегот на натпреварот за кој сите зборуваат во Чиле.
Еден од најмладите навивачите на оваа селекција од пуста радост влета на терен да слави заедно со играчите, но имаше мала незгода, па тука беше Алексис Санчез да му помогне и да го утеши.
Прво со прегратка го изнесе расплаканото дете на трибина, а потоа му го исполни ветување дека по крајот на средбата ќе му го даде дресот.
И не само тоа. Санчез на малиот му го направи денот незаборавен. Освен дресот му ја даде целата спортска опрема која ја носеше на него (освен гаќите нормално) и згора на сè го викна во соблекувална. Каков ќеиф за детето.
На дресот се потпишаа сите репрезентативци, а малиот стигна и да дава интервјуа по вести.