Додека Интер релаксирано го пречекува крајот на сезоната и со шампионска титула го симна Јуве од тронот, нивните градски ривали денеска силно ги ранија и тоа со висок триумф на нивен терен.
Јувентус вечерва беше анемичен и без идеи, а Милан заслужено ги собра трите бода. Стрелци Дијаз на крај на првиот дел, Ребиќ со извонреден погодок во 78-ма минута, а точка на мечот стави стоперот Томори во 82-ра минута. Кеси на 0:1 утна пенал.
Росонерите 10 години немаа гостинска победа против Јуве, а оваа може да биде кобна во битката за ЛШ. Роналдо и компанија паднаа на петто место и во ваква ситуација би играле во Лига Европа со Лацио.
За да остане во елитата, Јувентус мора да слави на сите три кола до крај и да чека кикс на Наполи. Сигурен пласман во Лига на шампиони немаат сè уште ниту Милан и Аталанта. Густо е во тој дел од табелата, а теоретски шанси има дури и Лацио кој доколку го добие заостанатиот дуел со Торино ќе биде на -3 од четвртата позиција.