По 20 години кариера од кои 7 сезони и 7 трофеи во Челси, поранешниот англиски репрезентативец Џо Кол одлучи да застане со трчање во професионалните фудбалски води. Човекот се изнаигра фудбал и оди во заслужена пензија. На клупски план се појави на 677 средби и постигна 95 гола.
Последен клуб во кариерата му е Тампа Беј (САД), а прв Вест Хем. Колку само јака волеј рабона му откопавме од младоста. 18 години има тука, а снимката изгледа како да играл во времето на Еузебио.